Студии по физика

  студии по физика (8 семестри) 

- наставна насока
- физика на компјутерски хардвер
- применета физика
- теориска физика
- медицинска физика
- астрономија и астрофизика




Со подобрувањето на просторните услови за работа и со новите вработувања (во 1951 г. на Катедрата за физика за асистенти беа назначени Георги Мавродиев и Славчо Бахчеванџиев, а и на другите катедри се појавија нови наставници); се создадоа услови за збогатување на програмата и на наставните содржини. Основните предмети по општа физика во прва и во втора година ги предавале проф. О. Печијаре и проф. Н. Спа¬со¬ва, а во повисоките години проф. М. Каталиниќ. Проф. Ј. Мозер, подоцна, ги воведе теориските предмети теориска механика, теориска електродинамика и квантна механика. Студентите имаа настава и по неколку математички и хемиски предмети што ги држат наставници од другите катедри, како и неколку дисциплини што не се природонаучни(предвојничка обука, марксизам-ленинизам, странски јазик, педагогија). Карактеристично за наставата беше изведувањето на значителен број демонстрациони експерименти, со што студентите нагледно се запознаваа со физичките појави и законитости.

Во почетните неколку години имало повеќе промени во наставниот план дик¬тирани, пред сé, од кадровските можности. Подоцна дојде до одредено стабилизирање и поместувањата во програмите беа помали, но тие вклучуваат и значајни новини. Новововедени предмети (1961/62) се: електроника, што прво две години ја предаваше проф. Петар Анастасов¬ски, а потоа проф. Милчо Ристов, и нуклеарна физика, што ја предаваше проф. Смилја Конеска. За новите предмети, со текот на времето, се создадени и соодветни практи¬куми. Нова значајна етапа претставува воведувањето на две различни насоки на студии (1966/67) што подгот-вуваат кадри за работа во образованието (наставна насока), односно за работа во индустријата (применета насока). Притоа, повторно беа воведени повеќе нови пред¬мети: физика на тврдо тело (проф. Ѓорѓи Синадиновски), мерна техника (проф. Васил Гучев), спектроскопија (неколку години ја предаваше проф. Иван Петров, а потоа наставата ја презеде проф. Александар Андоновски). Во тој период се запишуваа најброј¬ните генера¬ции по физика со по околу 100 студенти.

Во меѓувреме, природонаучните дисциплини се одвоија од Филозофскиот факул¬тет и во 1958 се формира Природно-математичкиот факултет. Одделните катедри, кадровски веќе зајакнати, прераснуваа во институти. Следната значителна реорганизација настана со таканаречената реформа во 1976 г. Целта беше студиите да се направат поефикасни, сту¬дентите да имаат поголеми можности за избор во текот на студиите, а предметите, како што е физиката и оние што се изучуваат на повеќе разни факултети, да се сконцентрираат во за¬еднички институции. Од Институтот за физика на ПМФ, здружен со другите катедри за физика од Универзитетот "Кирил и Методиј" и со Сеизмолошката опсерваторија, се формира Фа¬култетот за физика, што постоеше до пролетта 1985 г. Претпоставките на реформата не се материјализираа, стремежите на поедин¬ците и институциите не секогаш се совпаѓаа со про¬кламираните цели, и Универзитетот повторно ја доби своја¬та стара структура со повторното создавање на Природно-математичкиот факултет, кој и самиот наликува на своевиден уни¬верзитет. Сепак, периодот на постоењето на Факултетот за физика, кога во него работеа 44 физичари (од кои половината доктори на физички науки) е период на забележителен раз¬вој на физиката во Македонија.

Новина во наставната насока е предметот апарати и инструменти во лабораторија, во¬веден од проф. Милчо Ристов. Идејата на студентите во последната година да им се понудат листи на предмети од кои тие ќе избираат одделни предмети не се реализира, во основа поради премногу малиот број на студенти во повисоките години.

Во периодот на постоењето на Факултетот за физика се отвори и насока за студии по метеорологија, на која се школуваа пет генерации студенти, со што се сметаше дека потребите за кадри од овој профил за Македонија се задоволени. На оваа насока, почнувајќи од третата студиска година, покрај проф. Александар Гичевски (метеоролошки мерења и инструменти), специјални курсови држеа професорите Марјан Чадеж, Млаѓен Ќуриќ и Јован Малишиќ од Белград, Витомир Димитриевски и Ангел Лазаревски од Хидро-мете¬оролошкиот завод во Скопје, како и Димитра Карчицка и Магдалена Георгиева од Институтот за информа¬тика при ПМФ. Наставната програма според која се работеше мошне долго од учебната 1988/99 до 2003/2004 ги опфаќа следниве дисциплини (во загради е наведен наставникот за соодветниот пред¬мет што го предавал подолго време, а дополнителната буква п или н означува дека предметот бил задолжителен само за насоката применета физика, односно за наставната насока): механика (Љу¬бо Петковски, Ѓорѓи Ивановски), молекуларна физика (Љ. Петковски, Ѓ. Ивановски), математика I и II (Никола Пандевски, Никита Шекутковски, Самет Кера, Живорад Томовски), оп¬шта хемија (Методија Димевски, Катерина Чундева), електромагнетизам (Мирјана Јоноска, Митре Митрески), оптика (Доне Гер¬ша¬новски), математика III (Никита Шекутковски), информатика (повеќе наставници од Институтот за информатика), теориска ме¬ханика (Благоја Вељаноски), математичка физика I и II (Виктор Урумов), филозофија на природните науки (Б. Вељаноски), теориска елек-тро¬динамика со специјална теорија на релативност (Љиљана Јаниќијевиќ, Олга Галбова), електроника (Милчо Ристов, Мимоза Ристова.), атомска и нуклеарна физика (Васил Мицевски, Драган Јакимовски, н), педагогија (Благородна Лакинска, Вера Стојановска,н), психологија (Виолета Арнаудова, н), квант¬на механика (Ѓ. Ивановски), астрономија и астрофизика (Мијат Мијатовиќ, Гордана Апостоловска, н), статистичка физика (В. Урумов, М. Мијатовиќ, Ѓорѓи Ивановски, Наце Стојанов, п), атомска физика со спектроскопија (А. Андоновски, Стојан Рендевски, п), биофизика (А. Андоновски, Стојан Рендевски, п), мерења во физиката (В. Гучев, Ненад Новковски), основи на физиката на тврдо тело (Ненад Нов¬ковски, н), апарати и инструменти во лабораторија (М. Митрески), компјутерска физика (Б. Вељаноски), методика на настава по физика (В. Гучев, Марија Фукарова-Јуруковска, н), методика на демонстрациони екс¬пе¬рименти (М. Јоноска, Оливер Зајков, н), историја на физиката (В. Урумов, н), физика на кондензирана мате¬рија (Н. Новковски, п), нуклеарна физика со еле¬ментарни честици (Д. Гершановски, п), фи¬зика на нови материјали (Станоја Стоиме¬нов, п), квантна и физичка оптика (Љ. Јаниќијевиќ, Јулијана Велевска, п), дипломска работа. Освен наведените предмети програмата вклучу¬ва и испити од предме¬тите: странски јазик (еден од светските јазици по избор на студентот), општона¬родна одбрана и физичко воспитување.

Според оваа наставна програма значително беше зголемен обемот на наставата на наставната (242 часа неделно) и на применетата насока (241 час неделно) во однос на претходните [1]. Секој студент имаше во просек по 30 часови неделно. Воведени беа доста предмети кои порано не беа предавани, како на пример: ин¬фор¬матика, компјутерска физика за двете насоки, статистичка физика со термодинамика, биофизика, физика на нови материјали, квантна и физичка оптика за применетата насока, астрономија со астрофизика, историја на физика и увод во физика на тврдо тело за наставната насока. Некои од дотогаш предаваните предмети беа видоизменети, па така, наместо математички методи во физиката, беа воведени математика III и математичка физика I и II; наместо марксизам, од учебната 1990/91 се предава филозофија на природни науки.

Со овој наставен план значително е зголемена и разликата помеѓу двете насоки. Во текот на по¬до묬гиот период на студирање според овој наставен план (15 години), дојде и до поголеми кадровски промени на Ин-сти¬ту¬тот, кои беа предизвикани со ненадејната смрт на проф. Мијат Мијатовиќ или со пензионирањето на неколку наставници: Љ. Јаниќијевиќ во 2001, М. Јоноска во 2002, Љ. Петковски во 2003 и А. Андоновски и В. Мицевски во 2004 г. Со докторирањето на асистентите: Атанас Танушевски, Оливер Зајков, Маргарета Пецовска-Ѓорѓевиќ, Јулијана Велевска, Наце Стојанов, Драган Јакимовски, Даница Крстовска, Стојан Рендевски и Гордана Апостоловска, и нивниот избор за доценти, настана подмладување на наставничкиот кадар.

Последните неколку години (од 1998 до 2002 г.) повторно беа активирани студиите по метеорологија и гео-физика. Одржувањето на студиите по метеорологија се судруваше со сериозни тешкотии, поради немањето сопствени наставници на потесно стручните метеоролошки предмети и, дополнително, поради отсуството на финансиска поддршка за нив што создаваше дополнителни трошоци на Институтот [10]. Од тие причини, како и поради малиот број студенти, на насоката метеорологија студентите од трета и четврта година наставата ја слушаа заедно. Од истите причини, од 2002 г. на овие две насоки не се запишуваат нови студенти. За оваа настава, покрај наставници од ПМФ, привремено беа ангажирани наставници од Белградскиот универзитет, од Рударско-геолошкиот факултет во Штип и пензионери. Притоа беа ангажирани: Блажо Боев, проф. на Рударско-геолошкиот факултет (геологија со хидрологија), Александар Гичевски (метеоролошки мерења и набљудувања), Тодор Делипетров, проф. на Рударско-геолошкиот факултет (гравиметрија и геомагнетизам I и II, инженерска геофизика, основи на геофизиката, геодинамика и геотермија, геоелектрика, моделирање и анализа на геофизички полиња), Михаило Зиков (климатологија со климатски промени), Љупчо Јордановски (механика на континуум), Ангел Лазаревски (климатологија со климатски промени), Лазо Пекевски (сеизмологија Iи IIи физика на сеизмички извори), Млаѓен Ќуриќ, проф. на ПМФ во Белград (нуме¬рички методи во динамика на флуиди и динамичка метеорологија, примена на метеоерологија и агромете¬орологија, физички основи на влијанија врз атмосферски процеси, радарска и сателитска метеорологија), Владо Спиридонов, од Хидрометеоролошкиот завод на Македонија (практикум по анализа и прогноза на вре¬ме¬то, синоптичка метеорологоија), Стефан Стефанов од Хидрометеоролошкиот завод на Македонија (физика на облаците и врнежите со моделирање), Ѓорѓе Радиновиќ (анализа и прогноза на времето),Миливој Гаврилов (основи на метеорологија, динамика на граничен слој со теорија на турбулентност, микрометеорологија, динамичка метеорологија и воздухопловна метеорологија)

На вежби по електромагнетизам и оптика

Од учебната 1992/93 г. започнаа двопредметните студии за наставници во основните училишта што се оспособуваат да ги предаваат предметите физика и математика. Програмата ги содр¬жи следниве предмети (во заградите се дадени имињата на професорите што ја изведувале или ја изведуваат оваа настава): математика I(Костадин Тренчевски), алгебра (Билјана Јанева, Весна Манева-Ераковиќ), анали¬тич¬ка гео-метрија (Живко Мадевски, Билјана Крстевска), физика I со практикум (Зора Митреска), мате¬матика II (Јор-данка Митевска), тригонометрија (Ј. Митевска), геометрија (К. Тренчевски), одбрани делови од алгебра (Д. Карчицка, Б. Јанева), физика II со практикум (Марија Фукарова - Јуруков¬ска), информатика (Марјан Гушев, Верица Бакева), одбрани делови од диференцијални равенки, комплексни броеви и функции (Борко Илиевски, Живорад Томовски), одбрани делови од геометрија (Дончо Димовски), нацртна геометрија (Д. Василева, Билјана Крстевска), основи на електрониката (М. Ристов, М. Ристова, А. Танушевски), вовед во атомска и нуклеарна физика (Не¬вен¬ка Андоновска), основи на физиката на Земјата и атмосферата со екологија (Љупчо Јордବновски, Гордана Апостоловска), примена на компјутерите во наставата (Ѓорѓи Јованчевски, Ванчо Чабуковски), педагогија (Б. Лакинска, Вера Стојановска), фи¬лозофија на природните науки (Б. Вељаноски), елементарна математика со практикум (Д. Димовски), методика на настава по математика со хоспитации (Асен Радојков, Ј. Митевска), методика на нас¬тава по физика со хоспитации (Љ. Петковски, Ј. Велевска), демонстра¬циони експерименти по физика (М. Јоноска, О. Зајков), историја на математиката (К. Тренчевски), историја на физиката (В. Урумов), дидактика (Наум Целакоски, Б. Крстевска), лекторски вежби по мајчиниот јазик во служба на струката, семинарска и дипломска работа. Покрај оваа настава, на Институтот продолжува да се изведува наставата за студентите по матема¬тика, хемија, биологија, медицина, фармација, градежништво, геодезија, шумарство и земјоделство. Обемот на работата останува ист или незначително намален, а бројот на вработените на Институтот се сведе на 31 во 2006 г.

Поради рестрикциите во вработувањето, заминувањето на асистент Ташка Пачоова (од семејни причи¬ни) и на помладите асистенти Ана Каневче и Владо Лазаров (на докторски студии во САД, од каде што не се вратија), потоа префрлувањето на асистент м-р Ане Тунтев во Сеизмолошката опсерваторија, како и унапре¬дувањето на поголем број асистенти, на Институтот се чуствува голем недостиг на наставно-научен подмла¬док. Моментално, соработници на Институтот се: м-р Александар Скепаровски, м-р Сузана Топузоски, м-р Олгица Кузмановска и помлади асистенти Боце Митревски, Ламбе Барандовски и Александар Ѓурчиновски. Поради малиот број соработнички кадри, во изминатите неколку години беа ангажирани демонстратори (со договорно вработување) кои извведуваа дел од вежбите. Таа фукција ја изведуваа: Ламбе Барандовски, Ирена Петреска, Трифче Сандев, Душко Кузмановски, Душко Лукарски, Светлана Несторовска, Ирена Јаневска, Марија Велевска, Костадинка Арсовска (метеорологија), Сања Пановска (геофизика). За дел од специјализи¬раните курсеви вежбите ги изведуваа предметните наставници. И помошнонаставниот кадар е намален. Инсти¬ту¬тот нема библиотекар, технички секретар, бројот на лаборантите се намали за две места, нема мајстор - дреер. По договор, од 2003 Институтот вработува и демонстратори за компјутерска лабораторија (Даниел Пејовски, Васе Јованов, Александар Нешкевски) и лаборант (Срѓан Станковиќ). Голем проблем на Институтот претставува предолгото студирање. Според студијата на проф. Урумов [11],направена во 2002 г., студиите по физика според наставниот план од 1989 г., траеја приближно два пати подолго од времето предвидено со планот и беше заклучено дека оваа ситуација трае доста долго, речиси две децении. Иако долгото студирање не е појава што се јавува само на студиите по физика и е после¬ди¬ца на длабоките опшествени промени (немањето мотивација за брзо завршување на студиите поради немож¬носта за вработување, лошата претспрема на студентите кои доаѓаат да студираат наставнички факултети, како и за¬ста¬реноста на наставата), членовите на Институтот уште со првиот Темпус проект (1999-2001) беа подготвени за промени на наставните планови и програми. Имајќи предвид дека сите нови сознанија покажаа дека“Less is more”,на Институтот се почна со изготвување на новите наставни планови и програми, а од учебната 2004/2005 и со нивна реализација.

Интересот кон студиите по физика во светски размери се намалува. Тој тренд, одамна присутен кај нас, многу силно дојде до израз последниве неколку години. И тој факт влијаеше на многу позабрзаните проме-ни на наставните програми на студиите по физика. Според најновите наставни планови [12], на Институтот за физика е можно студирање на наставна на¬со¬ка, наприменета насока и на насоката физика и компјутерски науки. Наставната и применетата насока имаат заедничко јадро од 16 едносеместрални предмети и спорт со вкупен фонд од 108 часа, и се слушаат во првите две години.

Наставната насока во третата и во четвртата година има 17 едносеместрални предмети, 3 изборни пред-мети и дипломска работа. Вкупниот број часови зависи од тоа кои изборни предмети студентот ги слуша. Ако за изборните предмети се предвидат во просек 4 часа, вкупниот број часови на овие две години изнесува 100 часа, во кои се вклучени 10 часа за работа врз дипломската работа. Оваа бројка, заедно со предметите од јадрото, изнесува 208. Ако се спореди овој број часови со до скоро користениот наставен план, според кој тој изнесуваше 242, и тоа со само 4 часа предвидени за дипломска работа, тогаш може да се каже дека овој наставен план е значително растоварен, за околу 14%. Со завршувањето на оваа насока, како и досега, се стекнува диплома - дипломиран професор по физика. Студиите на применетата насока имаат 6 модули: 1. материјали и уреди; 2. медицинска физика; 3. теориска физика; 4. геофизика; 5. метеорологија и 6. астрономија. Сите предмети се едносеместрални. Кај сите модули постојат заеднички предмети: квантна механика, електроника, мерења во физиката, статистичка термодинамика, физика на кондензирана материја и компјутерска физика. За секој од модулите се предвидени по 7-8 изборни предмети, со вкупен фонд часови 26-27. Изборните предмети може да бидат “задолжително изборни” или“изборни”. Вкупниот број часови, заедно со предметите од јадрото, изнесува околу 213, каде што се предвидени 10 часа за дипломската работа. И овде се предвидува растоварување за околу 13%. Со дипломирањето на применетата насока студентот се здобива со звање инженер по физика, со додаток на соодветната поднасока.

Третата насока физика и компјутерски науки е интердисциплинарна. Таа се реализира во соработка со Институтот за информатика. Оваа насока уште од прва година се разликува од другите две, иако има предмети кои се заеднички, како што се, на пример, механика и молекуларна физика, математичка анализа I и II, електромагнетизам, оптика, атомска и нуклеарна физика, математичка физика I и II, квантна механика, електроника. Карактеристика на оваа насока е значителниот број изборни предмети, и тоа: 3 информатички и 4 изборни предмети од областа на физиката. За оваа насока, може да се каже, најмногу одговара системот на запишување предмети, а не години. Со дипломирањето на насоката се стекнува звање дипломиран физичар по компјутерско моделирање. Инаку, и оваа насока не е оптоварена со голем фонд часови.

Освен растоварувањето и воведувањето на изборните предмети, карактеристика на сите курикулуми е воведувањето кредити за предметите, како и модернизирањето на проверката на знаењата и оценувањето на студентите. Со тоа се направени првите чекори кон воведувањето на кредит-трансфер-системот и доближување кон студирањето прокламирано со Болоњската декларација. Студентите по физика, главно, потекнуваат од Македонија. Во почетните години позабеле¬жи¬те¬лен беше бројот на студенти од другите републики на бившата СФРЈ. Бројот на странски и вонредни сту¬денти секогаш бил многу мал. Заклучно со септември 2006 г., на студиите по физика дипломирале 656 студенти. Најголемиот дел од нив се вработени во образованието во Македонија и нивниот основен придонес се огледа во подигнувањето на општата писменост и образование на целокупното население на Републиката. Значаен е и бројот на вработувањата во високото образование, а во помала мерка и во стопански организации, во лаборатории, во здравството, во приватни организации од најразличен вид. Бројот на невработени физичари до скоро релативно мал, сега се зголемува. Причината лежи во значителното намалување на бројот на часовите по физика во средните училишта, посебно во реформираното гимназиско образование, а во некои средни стручни училишта, во кои порано се изучуваше, сега физиката воопшто не се изучува. Нашите кадри од применетата насока тешко може да најдат вработување поради неразвиените, или со транзицијата затворени, стопански организации во кои не се негува развој и речиси не постојат истражувачки лаборатории. Може да се очекува, со процесите на развој на индустриските компании, вработувањето на дипломираните физичари да не претставува проблем, како што е тоа случај во поразвиените земји. Студијата за можностите за вработување на идните физичари е во тек, со работата врз проектот на д-р Олга Галбова [13]. Голем дел од наставната активност на вработените во Институтот за физика е поврзан со другите студиски групи на ПМФ и на другите факултети од Универзитетот. Последните десет години оваа настава ја одржувале наши наставници: на студиите по математика (З. Митреска), хемија (З. Стојанов, Ѓ. Ивановски, О. Галбова), биологија (С. Стоименов), информатика (Митре Митрески, М. Пецовска-Ѓорѓевиќ) и на фа-култетите за градежништво (Љ. Јаниќијевиќ, Ј. Велевска), медицина (А. Гичевски, Д. Гершановски), фармација (А. Гичев¬ски, С. Стоименов), стоматологија (Н. Андоновска), шумарство (В. Мицевски, Н. Андоновска), како и на студиите за рендген -техничари (Н. Андоновска).

Во почетните години од формирањето на Универзитетот, па и во осумдесеттите години, наставни¬ци и асистенти од Инсти¬тутот за физика ја држеле наставата на Електро-машинскиот факултет, Технолошко-металуршкиот факултет, Рударско-геолошкиот факултет, Интердисциплинарните студии за производно-тех¬ничко образова¬ние и Интердисциплинарните студии за заштита при работа, на Земјоделскиот фа¬култет и на Институтот за геогрବфија при ПМФ. Треба да се истакне дека оваа настава, речиси без исклучок, се органи¬зирала за студен¬тите од прва година кои, обично, се најбројни и затоа оваа настава претставувала значајно оптоварување за кадрите на Институтот, а често била над просторните и материјалните можности на лабора¬ториите.

Во текот на изминатите години, за студентите од Институтот за физика стручни пред¬ме¬ти повремено преда¬ва¬ле и наставници што тогаш не биле вработени на Институтот. Тоа се: д-р Петар Серафимов (рацио¬нална механика), д-р Ѓорѓе Николиќ (астрономија со астрофизика), д-р Петар Анастасовски (електроника), д-р Ратко Јанев (атомска физика), д р Паскал Сотировски (физика на Сонцето), м-р Витомир Димитриевски (анализа на време, општа метеорологија), д-р Ангел Лазаревски (климатологија, применета метеорологија), д р Јован Мали¬шиќ (статистички методи во метеорологијата), д-р Млаѓен Ќуриќ (динамичка метеорологија I и II, радарска и сателитскаметеорологија), д-р Марјан Чадеж (микрометеорологија, време и клима на Југославија), Елена Ангеловска (ме¬тодика на наставата по физика).

Извесен период, на Институтот за физика како наставници работеле и Златимир Дим¬човски (атомска физика, физика за биолози) и м-р Димитар Темелковски (методика на наставата по физика). Додека постоеше Факултетот за физика, на него работеа и следниве наставници и асистенти: д-р Петар Анастасовски, м-р Димитар Качурков, д-р Михаил Толев, м-р Верка Георгиева, м-р Сотир Поп-Јанев, д-р Жарко Станковски, м-р Милева Тапанџиева, м-р Милена Тер¬зе-Бојаџиска, Иванка Дуковска и Слободан Стојановски, како и сите вработени во Сеизмолош¬ката опсерваторија.

На шеесетгодишнината на ПМФ, Институтот за физика има вкупно вработени: 10 редовни професори 1 вонреден професор, 9 доценти, 3 асистенти, 4 помлади асистенти, 1 соработник, 2 технички соработника и 2 лаборанта. Според ангажманот и структурата на наставниот и на помошнонаставниот персонал очигледно е дека кадровската структура на Институтот за физика на ПМФ е на незадоволително ниво. Поради отежнатите нови вработувања, од една, и постојните осипувања на кадри, од друга страна, се отежнува нормалното функцио¬нирање на Институтот.

Како асистенти или стручни соработници на Институтот за физика извесно време, порано, ра¬ботеле и Валентина Величкова-Веселиновиќ, Марија Гајдарџиска, Славица Димитровска, Маргарита Каров¬ска, Кирил Панделишев, Љупчо Секуловски, Паскал Сотировски, Ане Тунтев, м р Ташка Пачоова (Ту¬фекчиева), Владо Лазаров, Ана Каневче, Ште¬фица Тошиќ, Благој Ханџиски и Јожица Худомаљ. Тие, како и Д. Темелковски и З. Димчовски, се¬га живеат и работат во други средини.

Наши наставници изведувале настава и на други универзитети  во Битола, Лес¬ковац, Приштина, Сараево, Титоград (сега Подгорица), Гејнсвил (Флорида), Сиди-бел-Абес и Оран (Ал¬жир).

За изведување на наставата Институтот располага со амфитеатар со капацитет од 200 седишта, помал амфитеатар (70 седишта) и со три училници за 80, 50 и 15 студенти. Освен тоа, за лабораториски веж¬би се користат 11 лаборатории (вклучувајќи ја тука и компјутерската) со различна големина. Покрај нив постојат 17 кабинети за наставниците и соработниците, две работилници - електричарска и механичарска (за жал без мајстор), сала за состаноци, магацин, магацин за хемикалии и 3 помошни простории. Лабораторијата за демонстрациони експерименти истовремено е и збирка на апарати.Просторната состојба на Институтот, и покрај извесното проширување, во моментов е таква што некои лаборатории се оптоварени и до 12 часа дневно [14].Опременоста со апарати и инструменти за изведување на наставата, иако значајно подобрена во 2001 г. (види го наредното поглавје), сепак не е на задоволително ниво. Средниот ангажман во наставата во учебната 2005/2006 г. за наставниците изнесува 5 часа неделно, а за асистентите над 27 часа не¬делно.