Катедрата за турски јазик и книжевност е формирана по иницијатива на проф. д-р Оливера Јашар - Настева во учебната 1976/77 година. Катедрата ја започна својата работа со ангажирање на наставниците Хамди Хасан, професор по турска книжевност и Себахат Махмут, професор по турски јазик.
Во почетокот на работата на Катедрата за турски јазик и книжевност постоеше Група за турски јазик и книжевност од прв степен, од втор степен (наставна насока), турски јазик и книжевност како прв и како втор главен предмет. Во првиот наставен план беа застапени следниве наставни предмети:
1. Современ турски јазик
2. Турска книжевност
3. Македонски јазик
4. Вовед во општа лингвистика или теорија на книжевноста
5. Книжевност на народите на СФРЈ
6. Методика на наставата по турски јазик икнижевност
7. Педагогија со психологија
8. Општонародна одбрана
Групата турски јазик и книжевност (од втор степен - наставна насока)
1. Современ турски јазик
2. Специјален курс по турски јазик
3. Историја на турскиот јазик
4. Дијалектологија на турскиот јазик
5. Турска книжевност
6. Османско-турски со елементи од арапскиоти персискиот јазик
7. Теорија на книжевноста или вовед во општалингвистика
8. Преглед на светска книжевност
9. Еден западноевропски јазик
10. Методика на наставата по турски јазик икнижевност
11. Педагогија со психологија
Групата турски јазик и книжевност како прв главен предмет:
1. Современ турски јазик
2. Историја на турскиот јазик
3. Дијалектологија на турскиот јазик
4. Турска книжевност
5. Вовед во општа лингвистика или теорија накнижевност
6. Педагогија со психологија
7. Македонски јазик
8. Методика на наставата по турски јазик икнижевност
9. Основи на марксизмот
10. Општонародна одбрана
Групата турски јазик и книжевност како втор главен предмет:
1. Современ турски јазик
2. Турска книжевност
Овој наставен план трае сè до учебната1985/86 година.
Од учебната 1985/86 година, на Групата затурски јазик и книжевност како прв главен предмет,наставниот предмет вовед во општа лингвистикаили теорија на книжевноста се изучува одделнокако два наставни предмети, а на групата затурски јазик и книжевност од прв степен се изучувасамо теорија на книжевноста.
Во наставниот план од 1988/89 година за еднопредметнатанаставна насока, наставните предметиспецијален курс по турски јазик и исламскацивилизација се изземени, а во следната учебнагодина 1989/90, овие два наставни предмети повторносе воведени во наставниот план.
Во учебната 1990/91 година, во наставниотплан за еднопредметната и двопредметната студискагрупа, се воведува предметот филозофија накултурата и уметноста.
Како резултат на зголемениот интерес за изучување на турскиот јазик од студенти на кои турскиотјазик не им е мајчин јазик, во учебната1992/93 година на Катедрата за турски јазик икнижевност се воведува една нова студиска групаза турски јазик и книжевност (двопредметна) застуденти на кои турскиот јазик не им е мајчин јазик.Всушност, оваа студиска група се отвори во периодот на интензивираната културна соработка меѓу Република Турција и Република Македонија и претставува мост за запознавање, проширување и продлабочување на културните врски меѓу овие две земји.
Со воведените промени на Катедрата за турски јазик и книжевност постојат следниве студиски групи:
1. Турски јазик и книжевност, еднопредметна - наставна насока
2. Турски јазик и книжевност, двопредметна - наставна насока
3. Турски јазик и книжевност, двопредметна, за студентите на кои турскиот јазик не им е мајчин
4. Турски јазик и книжевност како втор предмет, за студентите од другите групи на кои турскиот им е мајчин јазик
5. Турски јазик и книжевост како втор предмет, за студентите од другите групи на кои турскиот не им е мајчин јазик.
Од учебната 1992/93 година, во рамките на Филолошкиот факултет за првпат се организираа постдипломски студии по турски јазик и книжевност. Во текот на работата на Катедрата за турски јазик и книжевност паралелно течеше и усовршувањето и формирањето на наставните кадри. Така, во 1982 година по магистрирањето на Хамди Хасан, Катедрата се здоби со својот прв магистер по книжевни науки, којшто во 1986 година докторира во истата област и стана прв доктор на Катедрата и ги продолжи напорите за создавање научни кадри.
Како наставници од основањето на Катедрата досега работеле: д-р Ариф Аго, д-р Ванчо Бошков, д-р Хамди Хасан, д-р Муџаит Асимов и Себахат Махмут. Како странски лектори по турски јазик и книжевност на Катедрата за турски јазик и книжевност престојувале Рухсар Зубејироглу, Абдулкадир Хајбер, Мехмет Акај, Зелиха Ѓунеш, Емел Дениз, Фикрет Јикилмаз, Чигдем Улкер, Хусејин Озбај, Хајати Јавузер, Зеки Ѓурел и Сеџаетин Турал.
Во текот на својата работа на Катедрата за турски јазик и книжевност, д-р Ванчо Бошков го предавал наставниот предмет османско-турски јазик, а д-р Муџаит Асимов ги предавал наставните предмети вежби по османско-турски јазик, дијалектологија и историја на турскиот јазик. Д-р Ариф Аго и д-р Хамди Хасан во текот на својата работа поради недостаток на кадар, според потребите на Катедрата предавале и наставни предмети за кои не се бирани.
Во работата на Катедрата за турски јазик и книжевност поради недостаток на кадар учествувале и професори од разни универзитети. Од 1979-1982 година Себахат Махмут од Универзитетот во Приштина, го предавала предметот синтакса на турскиот јазик. Проф.д-р Ниметуллах Хафиз, исто така, од Универзитетот во Приштина, од 1981-1990 година како визитинг-професор одржувал предавања по наставните предмети дијалектологија на турскиот јазик, историја на турскиот јазик, морфологија и синтакса на турскиот јазик. Проф. д-р Фехим Наметак од Ориенталниот институт во Сараево одржувал блок-предавања по наставниот предмет историја на турскиот јазик. Проф. д-р Славољуб Џинџиќ од Универзитетот во Белград, во 1987-1990 година одржувал блок-предавања по предметот современ турски јазик. Проф. д-р Дарко Танасковиќ од Универзитетот во Белград одржувал блок-предавања од наставниот предмет османско-турски јазик. Во 1995 година, проф. д-р Али Алпаслан од Универзитетот во Истанбул одржувал блок-предавања по наставниот предмет османско-турски јазик. Во текот на своето гостување д-р Али Алпаслан во мај 1995 година одржа едно предавање под наслов „Индиската струја (Сепки Хинди) во диванската турска книжевност”. Во учебната 1995/96 година на Катедрата за турски јазик и книжевност како странски професори гостуваа д-р Хусеин Озбај и д-р Абдулкадир Хајбер од Универзитетот Гази во Анкара.
Наставната содржина на Катедрата за турски јазик и книжевност со своите гостувања и предавања ја имаат збогатено и д-р Мехмет Чавушоглу во 1982 година со предавањата од областа на турската диванска класична книжевност. Во 1987 година на Катедрата за турски јазик и книжевност гостува проф. д-р Сенџер Тонгуч од Универзитетот од Истанбул. Во 1993 година проф. д-р Саим Сакаоглу од Универзитетот Селчук во Конја има одржано две предавања од областа на народната книжевност.
На Катедрата за турски јазик и книжевност како асистенти работеле Низам Решид, Сена Ариф, Селим Ѓултен, Фадил Хоџа, Хулија Давут, Марија Леонтиќ, Севин Алил и Октај Ахмед.
Од 1993 година асистентот Сена Ариф почна да работи како лектор по современ турски јазик на студиската група за турски јазик и книжевност (двопредметна) за студентите на кои турскиот јазик не им е мајчин. По магистрирањето, Сена Ариф стана виш лектор по современ турски јазик. Во 2003 година, исто така, асистентот Фадил Хоџа откако магистрира стана виш лектор на Катедрата за турски јазик по современ турски јазик. Во 2005 година асистентот м-р Октај Ахмед докторира и потоа беше избран за доцент по предметите морфологија и синтакса на турскиот јазик. Во 2006 година асистентот м-р Севин Алил докторира по предметот методика на турскиот јазик и книжевност и предметот турска детска книжевност.
Катедрата за турски јазик и книжевност од почетокот на своето основање има своја библиотека, чиј книжевен фонд од година на година сè повеќе се зголемува. Денес библиотеката располага со книжевен фонд од 5.750 книги. Покрај книги таа поседува весници и списанија на турски јазик. Во учебната 1991 година на Катедрата за турски јазик и книжевност како прв библиотекар се вработи Фатима Чековиќ. Во 2006 година Фатима Чековиќ, сега Фатима Хоџин, се здоби со звањето магистер од областа јазик.
Во 1977 година Катедрата за турски јазик и книжевност организира семинар по турски јазик и книжевност за наставниците од основните и средните училишта во Република Македонија.
Катедрата за турски јазик и книжевност соработува со разни универзитети и институции од Република Турција. Во 1984 година студентите од Катедрата за турски јазик и книжевност под раководство на проф. д-р Хамди Хасан беа гости на Семинарот за турски јазик, литература и историја во Истанбул. Семинарот беше организиран од страна на Министерството за образование на Република Турција. Како резултат на меѓународната соработка меѓу Република Турција и Република Македонија, во Скопје од 23 до 25 октомври 1991 година одржа Вториот меѓународен симпозиум на тема „Македонско-турските културни врски во минатото и денес”. Рефератите од овој симпозиум се објавени во зборник во 1995 година. Овој симпозиум претставува континуитет на првиот симпозиум кој се одржа во Истанбул.
Исто така, и во мај 2004 година во соработка со Фондацијата за образование - Румели се одржа дводневен симпозиум на Филолошкиот факултет. Професорите и асистентите вработени на Катедрата за турски јазик и книжевност имаат учествувано на разни научни собири, симпозиуми и конгреси во Република Македонија и во странство.
Катедрата за турски јазик и книжевност се труди да биде активна и во поглед на научната дејност. Во 1994 година на Катедрата за турски јазик и книжевност се одобрени неколку проекти:
1. „Турските говори во Македонија (југозападна Македонија)”
2. „Усната народна книжевност на турската националност во Македонија”
3. „Гатанките, теќерлемињата и народните приказни на турската националност во Македонија”
4. „Турската книжевност во Македонија по Втората светска војна до денес”
Јазичните проекти ги раководеше д-р Ариф Аго, а беа вклучени и асистентите Октај Ахмед и Севин Алил. Со проектот од областа на народната книжевност раководеше д-р Хамди Хасан, а беа вклучени и асистентите Фадил Хоџа и Назим Ибрахим. Во моментов, Катедрата под раководство на проф. д-р Хамди Хасан, а во соработка со доц. д-р Октај Ахмед и м-р Хазим Ибрахим изработува турско-македонски и македонско-турски речник.
На Катедрата за турски јазик и книжевност по разни поводи беа организирани средби и активности. На 21.12.1984 година беше одржана другарска вечер меѓу Катедрата за турски јазик и книжевност од Скопје и Катедрата за турски јазик и книжевност од Приштина. Организатор на оваа средба беше Младинскиот актив на Катедрата. Во мај 1980 година, студентите од Катедрата за турски јазик и книжевност изведоа културно-уметнички програми под раководство на лекторите Рухсар Зубејриоглу и Абдулкадир Хајбер. На 8.5.1986 година, професорите и студентите од Катедрата организираа културно-уметничка програма по повод десетгодишнината од основањето на Катедрата за турски јазик и книжевност. На 12.4.1991 година во просториите на Филолошкот факултет се одржа културно-уметничка програма посветена на големиот турски поет Јунус Емре.
Во 1990 година во рамките на Катедрата за турски јазик и книжевност почна да работи и лекторат по унгарски јазик. Првиот лектор по унгарски јазик беше Пустаине Амбруш Агнеш, а по него
следуваше Магдолна Хас. Tаа должност сега ја извршува лекторот Тавас Шандор.
И покрај големите проблеми со кои се соочуваше Катедрата во поглед на недостатокот на кадар, успеа да се одржи и да обезбеди наставен кадар по турски јазик за основно и средно образование.
Катедрата за турски јазик во согласност со Деканатот, од 2003 година ја ангажира постдипломката Шеннур Сулејман како демонстратор по наставниот предмет турска народна книжевност. Од 2004 година се ангажира уште еден демонстратор, Мајда Шабанова по предметот современ турски јазик
(немајчин), а денес од 2006 година на Катедрата за турски јазик и книжевност ангажирани се четири демонстратори и еден надворешен соработник:
1. м-р Шеннур Сулејман (надворешен соработник) вежби по предметите нова турска книжевност и народна книжевност;
2. Мајда Шабанова (демонстратор) вежби по предметите фонетика и морфологија на турскиот јазик;
3. Невин Сејфуллах (демонстратор) вежби по предметот стара турска книжевност;
4. Енес Шабан (демонстратор) вежби по предметот османско-турски јазик;
5. Фејхан Рушид (демонстратор) вежби по предметите исламска цивилизација и детска книжевност.
Во последно време, Катедрата за турски јазик и книжевност, како одговор на начелата на Болоњската декларација, преку имплементација на Европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС) со своите предметни програми, настојува да создаде високостручни кадри, кои ги бара пазарот на трудот во Република Македонија, а и пошироко.
Поради гореспоменатиот интерес, од учебната 2005/2006 година според наставниот план и програма на Катедрата за турски јазик и книжевност во тек се студиските групи:
1. Турски јазик и книжевност - наставнанасока
2. Турски јазик и книжевност - превод итолкување.
3. Турски јазик и книжевност – турскиот како немајчин јазик.