Во текот на четиригодишното студирање на одделот графика, студентите се запознаваат и ги изучуваат класичните графички техники. И тоа во прва година како вовед и запознавање на студентите се почнува со основната графичка техника на високиот печат дрворезот и линорез. Во текот на втората година студентите се запознаваат со основите и спецификите на длабокиот печат и тоа прво со механичкиот пристап преку сувата игла, бакрорез и мецотинтата, за потоа да се прејде на хемиските техники, бакропис, акватинта, резерваж. На трета година се изучува литографијата, а во четврта година покрај работата во сите класични графички техники се изучува и сито-печатот. Наставата ја изведуваат четири професори и еден стучен работник.