Во текот на четиригодишното студирање наставата по стручните предмети (цртање и сликање, вајање и графика) со техники и методски упатства е циркуларна со што ликовната наобразба е посестрана. Содржините се однесуваат на совладување на разни техники во зависност од ликовното подрачје. Се совладуваат проблемите на цртежот, сликање, колаж, моделирање полна пластика, рељеф, торзо, ситна пластика, скулптура во проширена смисла, грaфика со нејзините популарни графички техники и други и тоа низ работа по жив модел, зададен концепт, фантазија, инсистирање на заокружена идеја за реализација работа на експеримент и проширените визуелни медии. Наставата ја изведуваат двa професора и еден асистент.