Студии по хемија

студии по хемија (8 семестри)  
- наставна хемија
- применета хемија
- применета хемија – аналитичка биохемија
- применета хемија – хемија на животна средина




По конституирањето на Институтот за хемија, пристапено е кон изработка на нови наставни планови. Одлучено е да постојат три насоки - аналитичко-структурна, препаративна и наставна (првите две за подготвување инженери по хемија, а третата за образование на дипломирани професори). Беа внесени и нови наставни дисциплини, меѓу нив и оние што се, во согласност со времето, информатички ориентирани. Од 1994 г. организирани се и четиригодишни студии за двопредметната настава по биологија-хемија а од учебната 2000/2001 г. воведена е и нова насока на студиите по хемија - аналитичка биохемија.

Со преминувњето на дел од наставниот кадар на Технолошко-металуршкиот факултет (резултат на "рацио-нализацијата"), наставната активност на Институтот за хемија беше намалена во однос на онаа на Хемискиот факултет. Наставата по хемија се изведуваше на Медицинскиот факултет (за студентите медицинари и фармацевти), на Стоматолошкиот, на Шумарскиот, на Рударско-геолошкиот факултет во Штип, на Интердисциплинарните студии за заштита при работа, на Ветеринарниот факултет и, секако, за студентите по физика и биологија на ПМФ. Во последните неколку години, постепено, од страна на Фармацевтскиот факултет беа преземани хемиските дисциплини (спротивно на потребата од матичност на овие диспциплини, посебно поради фактот што за наставници на овие факултети се избрани несоодветни кадри). Така, од учебната 2006/07 Институтот за хемија повеќе не изведува настава на овој Факултет, како и на Медицинскиот факултет.

На почетокот на учебната 2006/2007 г. на Институтот има 27 наставници и 11 соработници. Сите наставници го имаат научното звање доктор на науки. Од наставниците, 16 се редовни професори, 5 се вонредни професори и 6 се доценти. Осум соработници се асистенти, тројца се помлади асистенти.

Во текот на овие 60 години Институтот за хемија дал околу 2073 дипломирани студенти (дипломирани хемичари, дипломирани инженери по хемија и професори по хемија). Речиси во сите лаборатории во Македонија работат стручњаци што дипломирале на овој Институт (Факултет). Од Институтот за хемија по-текнале и практично сите наставници по хемиските (и сродните) предмети во средните училишта во Македонија. За овие наставници Институтот организира семинари на кои тие го обновуваат и осовременуваат своето знаење.

Институтот за хемија е матична институција на која се добиваат специјалистички, магистерски и докторски звања од областа на хемиските науки. Заклучно со 30 септември 2006 г., на Институтот (односно на Факултетот) со звањето специјалист по хемиски науки се здобиле 9, со звањето магистер на хемиски науки се здобиле 95 кандидати, а со звањето доктор на хемиски науки ‡ 70 кандидати. Повеќето од наставниците и соработниците на Институтот (но и на други високообразовни организации на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј") своето образование (или дел од него) го добиле тука. Дипломирани студенти на Институтот станале наставници или соработници и на други универзитети. Наставни работници од Институтот дејствувале како наставници и на други универзитети во земјата. На почетокот на работата на Универзитетот во Приштина, како и на Технолошкиот факултет во Лесковац, наши наставници (Иван Петров, Бојан Шоптрајанов) ги ставиле темелите на наставата по одделни хемиски дисциплини, кон-ципирајќи ги курсевите и држејќи предавања во првите години од работата на овие институции.