Студии по биологија

студии по биологија (8 семестри)  
- биологија (за наставен кадар во средно образование)
- биохемија и физиологија
- екологија
- молекуларна биологија


Реализацијата на својата наставна дејност, Институтот за биологија ја започна со изведување настава на студиската програма - биологија во академската 1946/47 година. Во учебната 1980/81 беше воведена наставната насока, за формирање профил професор по биологија, и биохемиско-физиолошката насока, за формирање профил инженер по биологија. Во учебната 1994/95 година почна изведувањето на наставата по двопредметните студии биологија-хемија, во чија реализација, покрај Институтот за биологија, учествува и Институтот за хемија. Во процесот на ревидирање на студиските програми што го спроведе Институтот за биологија во периодот од 2000 до 2002 година, покрај извршените промени во наставните планови на постојните две насоки (наставна насока и биохемиско-физиолошка), ја спроведе и постапката за отворање на еколошка насока, чија настава почна во учебната 2002/03 година. Според тоа, Институтот организира настава по трите студиски групи: наставна насока, биохемиско-физиолошка насока, еколошка насока и двопредметни студии биологија - хемија.

Научниот совет на Институтот за биологија

Наставата на Институтот за биологија се изведува во соработка со институтите на Природно-математичкиот факултет, како и со други факултети од земјава. Наставниот процес е организиран преку изведување на теоретска (предавања) и практична (вежби) настава, теренска настава, семинарски работи и практика по методика. Теренската настава е составен дел на студиските и на предметните програми на одделните студиски групи и претставува сукцесивно дополнување и поврзување на теоретските и практичните искуства. Во периодот од 2002 до 2004 година следеа нови промени во студиските програми, согласно со Болоњската декларација, во насока на воведување задолжителни и изборни предметни програми, реорганизирање во изведувањето на наставата (едносеместрално следење на курсевите), воведување континуирана проверка на знаењето и примена на системот на кредити. Во академската 2004/05 година почнаа да се реализираат студиските програми по новиот систем. Во изминатиот десетгодишен период, на Институтот за биологија дипломирале 369 студенти, со што вкупниот број дипломирани студенти-биолози од почетокот до оваа јубилејна 60-та година изнесува 1735. Во учебната 2006/07 година на сите студиски групи на Институтот за биологија студираат 540 студенти.

Покрај основната дејност за оспособување на кадри по биологија, Институтот за биологија учествува и во наставата на одредени студиски групи (насока аналитичка биохемија) на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, како и во наставниот процес на повеќе студиски групи на други факултети: на Факултетот за земјоделски науки и храна, на Шумарскиот факултет, на Медицинскиот, на Стоматолошкиот и на Филозофскиот факултет во Скопје. Покрај редовно студирање, на Институтот за биологија во 2003 година е обновено вонредното студирање само за двопредметна студиска програма биологија-хемија. Целта на овие студии е дооформување на образованието на лицата кои претходно имаат завршено педагошка ака¬демија.