X
 01.08.2023 Образование

Отворен повикот за аплицирање за студентски оброк

Министерството за образование и наука објави Јавен повик за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2023/2024 година.

За да го остварат правото на субвенциониран студентски оброк, студентите треба да се државјани на Македонија, да се редовни студенти на додипломски студии, да не се во работен однос или регистрирани како индивидуални земјоделци и да немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната нето-плата во Републиката за тековната година.

Рокот за пријавување за тековните студенти е од 1 до 10 август 2023 година. За кандидатите што ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2023/2024 година и кои не го запишале летниот семестар, рокот за пријавување е од 1 до 7 октомври 2023 година.

Министерството за образование и наука ќе го извести секој кандидат за статусот на пријавата по електронски пат.

Кандидатите треба да се пријават електронски на e-uslugi.mon.gov.mk, а кои документи треба да ги преземете и пополните, можете да видите ТУКА .

За сите прашања поврзани со пријавувањето на корисниците за субвенциониран студентски оброк, Министерството за образование и наука обезбеди поддршка преку Секторот за ученички и студентски стандард и тоа на следниот контакт: subvencioniran.obrok@mon.gov.mk или во наменската канцеларија на приземјето во зградата на Министерството.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование