01.11.2018
Живот
Месечен хороскоп за ноември 2018 година
Овен
Работа - Овој месец ќе имате добра перспектива за развој на кариерата. Членовите на семејството и надредените ќе ви помогнат во поглед на вашиот професионален успех. Ќе имате напредување и зголемување на платата. Ноември за вас е одличен месец на полето на финансиите. Ќе доживеете раст на полето на финансии, па ќе си поставите високи цели. Различни инвестирања ќе бидат профитабилни, а парите ќе ги заработите благодарение на инвестирањата со помош на странци. Ќе имате доволно пари да живеете раскошно.
Љубов - Оние што се слободни ќе пронајдат љубов меѓу непознати луѓе. Барате интелигентна и образована личност што ја интересираат луѓе со добра смисла за хумор. Оние што се во врска ќе доживеат прекрасни моменти со саканата личност, и двајцата ќе бидете полни со енергија, па ќе се одлучите да одите на заедничко патување за да ги зацврстите односите.
Здравје - Одлично здравје во текот на овој месец.
Бик
Работа - Развојот на кариерата е на добар пат бидејќи сте фокусирани на самата кариера во текот на овој месец. Ќе имате и подобрени финансии, а вашата финансиска состојба е добра и во можност сте да донесете добри финансиски одлуки. Парите ги заработувате во соработка со другите луѓе. Вашиот финансиски просперитет ќе биде подобрен со помош на вашиот партнер и општествените врски.
Љубов - Ви претстои нов и динамичен социјален живот. Присуството на Плутон во Стрелец ќе има влијание врз вашиот социјален и брачен живот. Љубовта и романсата ѝ овозможуваат простор на сензуалноста. Но, мора да се фокусирате на сериозните врски и да ги елиминирате оние несериозните. Венера ќе им донесе многу можности за романса за слободните при крајот на месецот.
Здравје - Извршете детоксикација на организмот.
Близнаци
Работа - Вашата кариера ќе биде во фокусот до 23 ноември, па препорачливо е вашите цели на професионален план да ги реализирате до тој период. Ако имате слобода да донесете финансиски одлуки, не сте во ситуација да преземете каква било активност во поглед на финансиите.
Љубов - Ќе имате одлична можност за љубовна врска во текот на месецот. Ова ќе ве збуни во поглед на донесувањето на правилниот избор. Ќе пронајдете љубов во општествените кругови со кои сте поврзани. Доколку се занимавате со ликовна уметност, љубовта може да се случи со ваш колега или надреден. Можете да пронајдете романса и меѓу странците или во софистицирано и богато опкружување.
Здравје - Започнете да се занимавате со некаква физичка активност.
Рак
Работа - Подобрување на работа можете да постигнете со внимание и прецизност. Вашата работа ќе ја ценат вашиот надреден и раководството, а вие ќе имате добри изгледи да бидете наградени. Доколку сте во потрага по работа, ќе успеете во текот на овој месец. Што се однесува до финансискиот просперитет, ќе биде фантастичен во текот на овој месец. Забавата и креативноста ќе играат важна улога во заработувањето пари.
Љубов - Забавата и креативноста се важни за радост во семејството и реализирање на емоционалната безбедност. Уживањето во активностите со децата и помагањето на сопругот/сопругата и членовите на семејството ќе придонесат за хармонија во домашната атмосфера.
Здравје - Tензијата и напнатоста се вашите најголеми непријатели.
Лав
Работа - Бидете внимателни и работете си ја работата што ви ја дава надредениот. Доколку успешно го реализирате најновиот проект и дадете максимум од себе, ви следува напредување. Вашата работа ќе биде доста ценета од страна на раководството. Ризичните инвестиции ќе ви дадат добар профит, но морате да бидете внимателни кога станува збор за ваквиот вид инвестиции.
Љубов - Овој месец е одличен период за вашиот љубовен живот. Оние што се слободни ќе имаат многу можности за реализирање на романтични врски и тоа главно од забава, додека оние што се во брак или врска ги очекува прекрасен однос со сопругот/сопругата или партнерот/партнерката. Уживајте во овие совршени љубовни мигови.
Здравје - Зајакнете го имунитетот бидејќи е зголемен ризикот за воспаленија и инфекции.
Девица
Работа - Иако моментално вашиот фокус е на друго место, вашата работа, напорот и вложениот труд ќе ви донесат напредок во кариерата. Ќе имате поддршка од вашите колеги и ќе реализирате одличен профит и финансиски развој. Можете да очекувате пари од неочекувани извори. Вашето семејство ќе ве поддржува во работата, па ќе се чувствувате посамоуверено и така ќе настапувате пред колегите.
Љубов - Овој месец ќе имате активен љубовен живот. Слободните ќе ја пронајдат својата сродна душа и тоа во одредени професионални групи. Оние што се во врска ќе доживеат напредок во врската. Активни сте на социјален план и тоа ќе ви ја подобри положбата во општеството. Односот со сопругот/сопругата ќе ви биде проблематичен до 23 ноември.
Здравје - Максимално складирајте ја енергијата со одмор и релаксација.
Вага
Работа - Патот кон професионалниот развој во текот на овој месец ќе биде составен од помагање на другите да постигнат успеси во својата кариера. Кариерата ќе биде активна во текот на првата и последната недела од месецот. Ова е одличен месец во поглед на вашата можност за заработка. Вашата финансиска интелигенција е доста добра и сте во можност да ризикувате.
Љубов - Вие и вашиот/вашата сопруг/сопруга или партнер/партнерка не само што ќе бидете романтични, туку и доста страсни во вашиот љубовен живот. Компатибилноста со вагите ќе биде хармонична и полна со залет. И двајцата правите компромис за да се усреќите еден со друг.
Здравје - Фантастично.
Скорпија
Работа - Ќе напредувате одлично на полето на работата овој месец и покрај вашиот фокус кон емоционалните фактори. Ќе го подобрите вашиот статус на работа заедно со финансиска награда, а вашите колеги ќе бидат малку љубоморни на сето тоа, па затоа внимавајте некој да не ви работи зад грб.
Љубов - Додека се во потрага по своите финансиски цели, некои скорпии ќе го пронајдат својот партнер. Партнерот може да биде вклучен во финансиската кариера. Односот со вашата сакана личност ќе биде пријатен, а вашиот партнер ќе вложи дополнителни напори за вие да бидете задоволни. Но, потребно е и вие да му обрнете внимание, за подоцна да нема расправии и несакани моменти. Слободните скорпии ќе бидат особено самоуверени и сигурни, па ќе се обидат да „уловат“ некоја личност на која одамна се спремаат да ѝ пријдат.
Здравје - Почнете да вежбате.
Стрелец
Работа - Доколку барате нова работа, ќе имате добри шанси да ја добиете. Според вашите професионални вештини, ќе бидете во можност да добиете доста добри понуди. Би можеле да добиете пари од ризични подвизи, но треба да внимавате. Во состојба сте да реализирате финансиски напредок поради вашиот ентузијазам и енергија. Иновативните вложувања носат пари и висок статус во општеството.
Љубов - Љубовта е активна во текот на овој месец со големи романси на повидок. Ретроградните планети ќе ви создадат проблем во вашиот љубовен живот по 24 ноември. Ќе се соочите со прилично лоша расправија помеѓу вас и вашиот партнер. Важно е да ја смирите топката и разумно да разговарате и да пронајдете заедничко решение.
Здравје - Здравјето можете да го подобрите со намалување на стресот.
Јарец
Работа - Ќе имате добри шанси за подобрување на вашето работно место во текот на овој месец. Вашата финансиска способност ќе биде одлична и ова ќе резултира со зголемување на вашиот потенцијал за заработка. Ќе треба да направите процена на вашите финансиски планови и да одлучите кон кој план ќе се придржувате и кој ќе го реализирате.
Љубов - Слободните јарци ќе имаат доста можности за влегување во романтични врски поради влијанието на Венера. Сепак, овие врски ќе бидат само минлива авантура без некое поголемо значење. На оние јарци што се во брак децата ќе им го окупираат целото внимание. Сепак, обидете се да пронајдете време за партнерот.
Здравје - Внимавајте, можно е да ве префати настинка.
Водолија
Работа - Иако напорно работевте во текот на целиот период, постојат колеги што не сакаат да ве видат среќни на работа, па ќе направат сѐ што е во нивна моќ за да не ги добиете заслугите. Сепак, во втората половина на месецот вашата позиција во општеството ќе се подобри токму поради вашиот статус на работа. Развојот на кариерата ќе се зголеми со користење на вашите социјални способности и добра комуникација. Ќе бидете охрабрени од страна на надредените и раководството за развој на вашата кариера.
Љубов - Вашиот социјален живот станува доминантен по 23 ноември. Пријателите ќе станат составен дел од вашиот живот и вие ќе бидете вклучени во нивните активности и нивните животи. Имате поддршка од сите ваши пријатели во реализирањето на амбициите. Вашиот партнер ќе се обиде да преземе контрола над бракот и со тоа ќе предизвика расправии. Слободните водолии ќе соберат храброст и ќе ѝ се приближат на личноста што долго време ја посакуваат.
Здравје - Проблеми со желудникот.
Риби
Работа - Имате поддршка од сите членови во семејството и од надредените во развојот на кариерата. Насочени сте кон вашата работа и во овој процес ги потиснувате сите ваши лични желби. Вашиот акцент ќе биде на вашиот статус и положбата во општеството. Бидете внимателни, бидејќи вашите успеси предизвикуваат љубомора кај околината, па можно е некој да се обиде да ве компромитира или да започне да ви работи зад грб.
Љубов - Ве очекуваат тајни љубовни аспирации, нереализирани желби и шанси што не сакате да ги искористите. По 12 ноември ќе се засили потребата за емотивно внимание, со што ќе се обидете да го подобрите квалитетот на односот со партнерот. Доколку сте слободни, уживајте во новите средби што се во согласност со вашите емотивни потреби.
Здравје - Преценувањето на сопствените можности води до болест и исцрпеност.
Подготвил: Тамара Гроздановски