Што ѕвездите овој месец имаат да ви препорачаат и да ве советуваат?
Овен
Работа - Почетокот на месецот кај вас ќе предизвика чувство дека никогаш нема да успеете да го постигнете она што го сакате. Чувството дека сте во тунел и дека не го гледате излезот за брзо време ќе исчезне, со влегувањето на Венера во вашиот знак и Меркур во знакот на Бик. Значи, првата недела е конфузна, а после тоа одите напред во многу подобра недела. Мора да запомните дека во текот на овој месец се` она што ќе се случува, а е поврзано со работата ќе зависи од тоа како вие лично се поставувате или како ќе се прилагодите на соработниците.
Љубов - Кај подолгите емотивни врски и бракови ќе има промени. Иако Венера ќе влезе во вашиот знак во првата недела од месецот, сепак не треба да заборавите дека нејзиното место во знакот е прилично неповолно. Проблемите во емотивните релации ќе бидат и повеќе од видливи, а вие и партнерот ќе имате доста расправии. Самиот почеток на месецот може за некои Овнови да донесе тајни емотивни односи, па бидете внимателно бидејќи тоа е нешто што може да биде откриено.
Здравје - Во вториот дел од месецот здравјето ќе биде опаднато, поради ретроградното движење на Марс со што ќе бидете во енергетски дисбаланс.
Бик
Работа - Првата половина на месецот е нешто подобра за вас, бидејќи полесно ќе се договорите со работниците, па дури и движењето на новите проекти. Она што би можело во овој период да ви пречи е вашата лична импулсивност и нетрпеливост, која наместо да ги подобри, може да ги влоши некои од вашите односи. Затоа, мирно и трпеливо, не брзајте, бидејќи она што вреди не можете да го добиете преку ноќ. Вториот дел од месецот е покомплициран во смисла што некои договори можат буквално да ви се „лизнат“ од рака.
Љубов - Во последните денови на првата недела на април, Венера, вашата владарка преминува во знакот на Овен, а владетелот на полето на љубовта, Меркур, преминува во вашиот знак. Да не се лажеме, нема да има некои спектакуларни романтични приказни во овој период, но ќе секако дека ќе бидете и повеќе од подготвени за забава. Не може да се негира дека ве очекува лудо и незаборавно време, меѓутоа тука останува - ништо повеќе.
Здравје - Во овој период ќе бидете склони кон вируси и бактериски инфекции.
Близнаци
Работа - Пред вас е еден променлив месец, а дури на крајот, кога ќе ги сумирате резултатите, ќе сфатите дека и не сте поминале толку лошо. Често во текот на април нема да бидете во можност да го започнете она што ви е важно, а бидете сигурни дека трудот кој ќе го вложувате ќе биде доста голем. Поради ретроградните планети во полето на сериозни партнери, морате да обрнете внимание на тоа какви договори склопувате.
Љубов - Партнерските однос, односно емотивните врски и брачната заедница и понатаму се во проблематичен период. Во вашето поле на брак Сатурн и Марс се ретроградни, извлекувајќи го на површина секој проблем од претходниот период кој успешно сте го сокриле под тепихот. Владетелот на вашиот знак исто така ќе тргне ретроградно во последната недела од месецот. Обидете се со разговор да дојдете до суштината на проблематиката и да пронајдете компромисно решение со вашиот партнер.
Здравје - Очекувајте пад на имунитетот.
Рак
Работа - На работен план ќе има многу повеќе можности во текот на првата половина на месецот. Владетелот на полето на работа и пари, Сонцето, ќе биде во знакот на Овен, па во голема мера ќе предизвика барање на соработници и нови проекти поврзани со странство. исто така, во овој период, некои Ракови може да очекуваат промоција, унапредување или пак зацврстување на позициите на кои моментално се наоѓаат.
Љубов - Поврзаноста со емотивниот или брачниот партнер во текот на овој месец е многу поголема отколку во март. Најголемиот проблем ќе биде комуникацијата, особено за оние кои се во брак, бидејќи ќе има расправии во текот на секојдневието, а во исто време не сакате да видите дека дел од проблемите ги предизвикувате вие. Обидете се да бидете потолерантни кон саканата личност. Сето ова ќе се интензивира во вториот дел од месецот, но она што е интересно е дека токму сега имате најголеми шанси да ги решите проблемите.
Здравје - Очекувајте енергетски дисбаланс и доста трошење на енергијата.
Лав
Работа - Во првиот дел на месецот најактуелни се аспирациите кон странство и проширувањето на работата со луѓе од странство. овој период нема да биде лесен, и ќе има привремени проблеми и застои. Владетелот на полето на партнерствата и секојдневното работно опкружување оди кон ретроградната патека, па можете да очекувате потешкотии во овие сегменти. Ќе ви биде потребно доста прилагодување ако имате намера да се вклопите во начинот на работа и функционирање како што се бара од вас.
Љубов - Лавовите во емотивни врски и бракови немаат толку проблематични ситуации во текот на овој месец. Вие и партнерот успеавте да пронајдете вистинска мера во вашиот однос и некако се` функционира без поголеми проблеми. Оние кои се заедно подолго време ќе започнат да пливаат во посериозните води и ќе решат што треба да прават во врска со заедничката иднина. Во вториот дел од април, оние кои се во врска треба да имаат повеќе толеранција, а слободните Лавови ќе имаат одличен месец.
Здравје - Внимавајте на трошењето на енергијата.
Девица
Работа - Владетелот на полето на работата и парите ќе транзитира низ знакот на Овен и вашето поле на пари. Што се однесува до парите, ќе имате неколку можности во текот на овој месец преку унапредување, промоција или бонус, да добиете одлична сума на пари. Генерално, поради ретроградноста на вашиот владетел Меркур во вториот дел на месецот треба да внимавате на секој потег на работа. Можни се грешки и пропусти.
Љубов - Ретроградниот Сатур, а во вториот дел на месецот и ретроградниот Марс во полето на домот и семејството секако нема да им олесни на оние Девици кои се во брачна заедница. Напнатоста и тензијата во односите ќе бидат очигледни, а некои припадници на овој знак ќе бараат излез во обидите да ја пробудат страста кај партнерот. Генерално, емотивните релации во текот на април се прикажани низ обидот и вие, и другата страна да пронајдете решение за проблемот кој е постар.
Здравје - Не го занемарувајте здравјето и не го исцрпувајте организмот.
Вага
Работа - Влегувањето на Венера во знакот на Овен ќе ви донесе поголема борбеност и импулсивност кога станува збор за партнерските односи на работа. Но и покрај вашиот труд, евидентно е дека во работниот сегмент има големи препреки со што бавен е вашиот напредок. Колку и да ве нервира и вади од такт, не е време да ги потенцирате вашите лични ставови, туку да ги прифатите условите кои моментално преовладуваат и да се вклопите во средината.
Љубов - Влегувањето на владетелот Венера во знакот на Овен, кој владее со вашите сериозни емотивни партнерства, секако ќе покрене голема потреба да имате некој покрај вас. Ви претстои ново познанство со личност која веќе долго време се обидува да ве освои меѓутоа вие не испраќате никакви позитивни сигнали.
Здравје - Избегнувајте стрес
Шкорпија
Работа - Реално гледано, ова воопшто не е лошо време за вас. Сонцето и Венера ќе транзитираат низ вашето поле на работни обврски и секојдневието и сигурно ќе бидат од голема помош во смисла дека ќе можете да го реализирате она што сте го планирале. Исто така, ќе се отворат некои можности и изненадни шанси кои на Шкорпиите можат да им донесат промена на подобро, или промоција или пак зголемување на платата.
Љубов - Сите во љубовна врска во текот на овој месец, бидете внимателни, особено во вториот дел на април, кога Марс, вашиот владетел ќе започне да го изодува ретроградниот пат. Вашата нетрпеливост, избувливост и променливо расположение може да доведе до непотребни расправии и кавги со саканата личност. Ве очекува бурен месец со жестоки авантури со личност со која сте поврзани на работа.
Здравје - Бидете физички поактивни.
Стрелец
Работа - За вас април донесува одлични можности доколку паметно ги искористите вашите шанси и ако продолжите да функционирате на ист начин како и досега - трпеливо и упорно. Сатурн во вашиот знак баш ви дава шанси за вакво нешто, па некои проекти кои сте ги започнале во претходниот период сега ќе ги дадат своите одлични резултати. Сепак, првата половина на месецот е доста подобра, а втората на оние невработените ќе им донесе вистински можности.
Љубов - Влегувањето на Венера во вашето поле на љубовта кон крајот на првата недела на април и тоа како ќе ви отворат можности за добра забава и пронаоѓање на интересна личност за вас. Шансите ви се отворени во текот на целиот период, но некако најинтензивниот момент ќе се случи во втората половина на месецот.
Здравје - Проверете го крвниот притисок.
Јарец
Работа - Овој период се водите според мотото: „Подобро врапче во рака, отколку гулаб на гранка“. Вистина е дека ве влечи да го проширите бизнисот и да барате нови можности за себе, но само ретки луѓе во овој период на овој начин ќе успеат да направат нешто поконкретно. Во секој случај, втората половина од месецот ќе имате поповолни услови, а некои Јарци ќе бидат привлечени од можноста да започнат приватен бизнис.
Љубов - Полето на домот и семејството е поддржано во текот на овој месец со транзитирањето на Сонцето и Венера, па првиот дел на април ќе има одлична согласност помеѓу вас и брачниот партнер. Но, вториот дел од месецот може да донесе проблеми и еден од нив би била и можноста за откривање на некој ваш таен однос.
Здравје - Проблеми со синусите.
Водолија
Работа - Периодот е добар за кратки бизнис патувања, за комерцијални активности, купување и барање на нови клиенти. Вие ќе бидете расположени за бројни комуникации и средби со постоечките и потенцијалните соработници. Овој месец предлагаме и невработените да се активираат, и тоа најмногу во првиот дел, бидејќи во текот на втората половина можат да добија поволни резултати и вести.
Љубов - Иако брачните односи функционираат доста добро во текот на овој период, сепак вториот дел од месецот е турбулентен и може да ви донесе проблеми. Комуникацијата нема да функционира, а вие и партнерот постојано ќе се обвинувате еден со друг за проблемите во односот, па сигурно на маса ќе се постави и прашањето за верноста.
Здравје - Проверете ја крвта.
Риби
Работа - Сонцето и Венера се наоѓаат во полето на пари и работа. Сигурно дека првиот дел од месецот овој транзит ќе дава одлична поддршка, особено во финансискиот сегмент, па Рибите ќе се радуваат на некои подобри приливи кои уште одамна ги исчекуваат. Но, во вториот дел од месецот, ќе ви биде потребен поголем напор за да ги одржете постоечките партнери и соработници.
Љубов - Емотивните врски и бракови дефинитивно не се во најдобро издание во текот на април. Веќе подолго време вашиот однос со партнерот е некако дистанциран, само повренео се враќаат оние вистински искри на љубовта. Реално гледано, и двата изгубивте сила и волја да се борите за вашата врска. Во текот на овој период ќе се појават шанси да го унапредите својот однос, па ќе треба да ја искористите.
Здравје - Одлично.