X
 01.11.2019 Живот

Месечен хороскоп за ноември 2019 година

Овен

Работа - Внимателно преиспитајте ги новите можности и одлуки што би можеле да влијаат врз вашата понатамошна кариера. Добивате различни работни понуди што само на прв поглед изгледаат примамливо. Периодот што следува не е најдобар за договори, особено не долгорочни, како ни за реализација на договорените проекти. Неопходна ви е нечија поддршка за да ги реализирате вашите работно-финансиски цели.

Љубов - Овој месец интересот за одредена личност не е траен, ниту дел од вашиот моментален план. Сè уште не сте подготвени за емотивно врзување, се плашите од крајниот резултат и смислувате изговори за да го оправдате вашето расположение. Сè на сè, ситуацијата во текот на овој месец нема да биде идеална, ниту ќе се случува онака како што би сакале.

Здравје - Обрнете внимание на главоболките, како и на болките во вратот и половината.

Бик

Работа
- Неопходно е да бидете одмерени и внимателни во комуникацијата со колегите и надредените доколку планирате да го зачувате вашиот статус на работното место. Во критичните ситуации сочувајте ја присебноста за правилно да одговорите на различни дилеми што ве следат на работа или во средбата со соработниците.

Љубов - Овој месец се активираат емотивните и партнерски теми многу повеќе отколку во преостанатиот дел од годината. На личноста што ви се допаѓа јасно ѝ давате до знаење дека повеќе се грижите за хармоничен однос отколку за бурни изливи на страст. Младите и слободни припадници на знакот мечтаат за љубовна романса.

Здравје
- Дишете свеж воздух и зајакнете го имунитетот.

Близнаци

Работа -
Кон крајот на месецот ве очекува значајно подобрување во финансиска смисла или дополнително зголемување на платата, како соодветна награда за вкупното залагање. Бидете флексибилни. Бидејќи вие сте личност што води сметка и за материјалните интереси, тешко дека ќе можете да се помирите со ситуацијата кога некој ги ограничува вашите бизнис-планови.

Љубов - Имате доволно сила само кога до вас се наоѓа личноста со која можете да ги споделите вашите мисли, емоции и инспирација, но сето тоа исчезнува штом се појави некој проблем. Внимание и нежност ви се потребни од кога било. Доколку сте млади и слободни, ќе бидете во можност да реализирате многу емотивни средби, но и нова врска.

Здравје - Можни се проблеми со стомакот, црниот дроб и крвната слика.

Рак

Работа
- Сакате со забрзани методи да го реализирате вашиот работен, општествен или јавен успех. Нема потреба да се двоумите пред новите професионални предизвици. Најважно е да направите добар избор во секој поглед. Потрудете се вашиот глад за успех да го подредите според работниот тренд што ветува практични или материјални резултати. Доколку размислувате за приватна работа, тоа е добро, но не е вистинско време за такви подвизи.

Љубов - Овој период вашата друга половина ќе негодува и ќе се обиде да ве увери во различен пристап на работите. Емотивните дилеми може да се решат, но со дополнително трпение и време ќе воспоставите некој вид рамнотежа. Ако сте млади и слободни, ѕвездите ви се наклонети, па во текот на овој период може да реализирате љубовна романса.

Здравје - Тензијата и напнатоста ви се најголемиот непријател.

Лав

Работа -
Често преземате улоги што не ви припаѓаат при донесувањето важни одлуки за приоритетните цели или во врска со финансиските инвестиции. Ефикасноста во бизнис-контактите за вас претставува главен адут. Ако сакате да ја промените работата, најдобро би било да побарате помош од стар пријател или колега со кој некогаш сте работеле. Во секој случај, нови можности ќе ви укаже некој што веќе го познавате.

Љубов -
Периодот до 10 ноември ќе биде доста мирен и исполнет со добро воспоставени работни места. Ако сакате да ја разбиете монотонијата, треба да покажете иницијатива и да се наметнете во друштво на љубовниот партнер. Сите што се во дилема поврзана со нивната моментална врска ќе бидат на работ да ја направи промената, а повеќе припадници на знакот ќе ја реализираат. Ако сте млади или слободни, ќе имате многу средби или необични авантури во кои нема да уживате целосно поради чувството на нестабилност што ве придружува цело време.

Здравје - Обрнете внимание на здравјето, зајакнете го имунитетот бидејќи е зголемен ризикот од воспаленија и инфекции.

Девица

Работа
- Колку и да се трудите, не успевате да ги одржувате сите тековни настани на деловната сцена. Очекувајте позитивни резултати на работните задачи што вклучуваат одреден степен на ризик или прогресија, ако не работите самостојно. Од 10 ноември очекувајте разни подобрувања, деловен напредок или добра можност за проширување на финансискиот приход. Во текот на целиот период ќе имате посилна позиција и некои важни луѓе ќе најдат причина да ве поддржат. Во секој случај, заштитата е оправдана и е резултат на успехот во минатото, што е гаранција за иднината.

Љубов
- Најдобро би било да не се мешаат љубовта и парите, но не би требало ни да се исклучат. Ако сте во брак или во долга врска, во овој период главно ќе бидете фокусирани на семејството. Имате изградено стабилен и хармоничен однос со партнерот, па затоа сега уживате во романтичните моменти. Оние што сè уште лутаат во потрага по сродна душа, ќе имаат безброј можности за добра забава и флерт, но и за незаборавна љубовна романса.

Здравје - Избегнувајте ситуации што физички и психички ве исцрпуваат.

Вага

Работа -
Научете да поставите јасна граница и да ја одделите работата од приватниот живот. Треба да завршите работни активности што ќе ви донесат придобивки и долгорочен ефект, но не брзајте. Подобро е да доцните неколку дена, но активностите да бидат добро завршени, отколку да направите нешто брзо, а да биде лошо направено.

Љубов - Ви недостига чувство на сигурност и желба да промените нешто. Добрата волја, нежноста или вниманието се најдобриот одговор на вообичаените дилеми, но решението за проблемот е можно само по 10 ноември. Ако сте млади или слободни, ќе имате можност да запознаете нови, многу интересни луѓе и можеби да го пронајдете „вистинскиот“ меѓу нив. Уживајте во секојдневно дружење, прифатете го само она што е соодветно за вас.

Здравје - Ако се појават здравствени проблеми, тие ќе бидат резултат на нездравите навики или лошата исхрана.

Скорпија

Работа
- Дојдоа и вашите пет минути. Ќе поставите неколку нови работни цели што ќе ви донесат дополнителна афирмација. Барате поефективен начин на дејствување за да ја унапредите позицијата во деловната активност, но многу прашања сè уште остануваат неодговорени. Периодот е генерално лесен, но не очекувајте да добиете сè што замислувате или сакате. Бидете задоволни од стабилниот деловен договор.

Љубов
- Бидејќи спаѓате во знак што импулсивно реагира на сето она што го фрустрира, единствениот совет е да бидете трпеливи затоа што овој месец ќе ви биде потежок. Ако сте млади и слободни, овој период нема да ви влијае како што ќе влијае врз зафатените припадници на знакот.

Здравје - Бидете внимателни во сообраќајот.

Стрелец

Работа
- Се грижите да го подобрите вашиот деловен статус и имате силна желба за афирмација, но истовремено се соочувате со интензивна фрустрација и неможност да ги остварите вашите соништа. Прашањето за деловна организација и доверба во одредени соработници бара внимателно да размислите пред да се одлучите за конкретни одговори или да ги дефинирате приоритетите.

Љубов - Во наредниот период ќе бидат нагласени емоционалните потреби, како и желбата да го поседувате партнерот. Сето ова води кон љубомора и тенденција за конфликти и сцени што немаат никаква основа. Бидете пофлексибилни. Ако сте млади или слободни, периодов не е погоден за започнување сериозни, долги врски. Кога веќе е така, намалете ги очекувањата, уживајте во дружењето и секојдневното флертување.

Здравје - Ако сакате да ги избегнете есенските инфекции, настинки и проблеми со кашлицата, зајакнете го имунитетот.

Јарец

Работа
- Овој исклучително позитивен период ви дава одлична можност да го забрзате напредокот и афирмацијата во деловното опкружување. Вашите големи напори ќе бидат проследени со соодветна награда или признание од страна на вашите соработници. Со гордост и без лажна скромност обележете го вашиот професионален успех. Внимавајте со парите, од најмалите позајмувања до сериозните инвестиции.

Љубов - По 12 ноември ситуацијата во љубовта се менува и вие почнувате да ја покажувате потребата од емоционално внимание и се стремите да го подобрите квалитетот на врската со партнерот. Ако сте млади или слободни, уживајте во нови средби според вашите емотивни потреби. Но, не влегувајте лесно во врски со луѓето склони кон скандали и со оние што премногу често го менуваат статусот.

Здравје - Чувајте се од повреди на зглобовите на долните екстремитети.

Водолија

Работа
- Имате впечаток дека настаните околу вас се надвор од контрола и дека не можете да им влијаете на кој било начин. Нема потреба да ги влошувате односите со конкретни соработници или да влегувате во ривалски однос. Кога станува збор за професионалната афирмација, пред вас е поволен период, а истото важи и за нови проекти и нови работни места. Добивате поддршка од сите страни. Сите бизнис-активности што ќе ги започнете сега ќе имаат долгорочен карактер.

Љубов -
Упорно се обидувате да постигнете рамнотежа помеѓу вашите мисли и вашите чувства, но тоа не ви оди од рака без присуство на некој близок. Јасно ви е дека авантурите носат само моментална радост, но и многу компликации. Ако сте млади и слободни, обрнете внимание на луѓето околу вас кои ви испраќаат сигнали дека се заинтересирани за вас.

Здравје - Проблеми поврзани со исхраната.

Риби

Работа
- Вашата способност за добро набљудување, како и вештината за брзо приспособување кон новите услови ќе бидат добро наградени. Сега е вистинско време за реализирање на плановите и прифаќање сериозни бизнис-договори.

Љубов
- Се обидувате да ги решите вашите внатрешни дилеми и сомнежи, но чувствувате емоционална несигурност или воздржаност. Младите и слободни припадници на знакот треба да го прифатат овој период како време за релаксација, дружење и секојдневно флертување. Нема потреба сега да си поставувате големи цели затоа што sвездите во моментов не се на ваша страна. Ако барате сериозна, стабилна врска и хармонични односи, почекајте подобри аспекти.

Здравје - Пронајдете одредена активност што може да ви послужи како „издувен вентил“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот