X
 01.12.2018 Живот

Месечен хороскоп за декември 2018 година

Овен

Едноставно сакате да бидете слободни за да бидете свои, а ова е особено вистинито околу седми декември со доаѓањето на новата месечина. Ќе стапите во контакт со вашите внатрешни верувања и со она што ве прави свои. Внимавајте на трошењето во текот на овој месец. Секако дека сакате да купите прекрасни подароци за сите, но мора да ги намирите и останатите месечни трошоци, нели?

Полната месечина околу 22 декември ќе ве натера да размислите за балансирање меѓу нештата што мора да ги направите и она што треба да го направите за себе. Дали имате пауза од вашиот напорен распоред за да извршите некои работи поврзани со вас? Не заборавајте се себеси додека трчате наоколу за сите други.

Бик


Овој месец ви е во знакот на пријателството. Ќе сакате да го проширите вашиот социјален круг благодарение на Венера, која е во вашиот дел за поврзување со луѓето. Меркур исто така се наоѓа во истиот дел, со што ве тера да започнете длабоки разговори со вашите нови другари и пријатели.

За да ги заокружите работите на полето на пријателството, Марс исто така престојува во делот за пријателство, со што ве тера да вложите уште поголема енергија во вашите пријателски односи. На 22 декември вашата енергија ќе биде на највисоко ниво и ќе ве тера на патување и на учење нешто ново во процесот. Не двоумете се да започнете да ја планирате вашата следна голема авантура.

Близнаци

Венера, планетата на љубовта и парите, кај вас предизвикува длабоки мисли овој месец. Ќе сакате да се впуштите во нешто за кое се чувствувате страсни. Можеби тоа е патување во нова земја или волонтирање, или вклучување во вашата работа. Осигурете се дека ги оставате работите во минатото пред почетокот на новата година.

Работите ќе бидат одлични и во вашиот секојдневен живот - конечно ќе се чувствувате како да сте ја пронашле рутината со која одлично функционирате. На 12 декември Меркур се преселува во вашата куќа на другите луѓе, давајќи ви уште повеќе пораки на кои треба да одговорите. Не плашете се да си земете личен одмор тогаш кога ќе ви биде потребен.

Рак


Овој месец ќе го правите сето она што ви е потребно за да останете здрави. Новата месечина на 7 декември ќе се наоѓа во делот на здравјето, работата и рутината и ќе ве натера да се фокусирате на вашата целокупна благосостојба и баланс. Плус тоа, ќе имате одлична енергија за вашиот ум и тело.

Ќе чувствувате потреба да ги проширите вашите хоризонти и да направите нешто во кое навистина верувате. Ако сакате да направите промена, тогаш можете. Со Марс, планетата на акциите, поврзана со Месечината, ќе се чувствувате како да сте го освоиле светот. Затоа, не воздржувајте се - излезете, шетајте, патувајте, откривајте и нахранете го авантуристот во себе.

Лав


На почетокот на месецот во вашиот ум постојано ќе ви се врти вашето детство благодарение на Венера која се наоѓа во вашиот оддел за домот, семејството и потсвеста. Ќе размислувате за посебните моменти што сте ги имале додека сте растеле, а можеби и ќе се обидете да стапите во контакт со другарите од детството.

Новата месечина на 7 декември ќе ве натера да сакате само да се забавувате. Секако, постојат работи за кои треба да се грижите, но ќе се справите со нив некој друг период. Околу 22 декември ќе почнете да ги составувате вашите цели за наредната година. Најголемата од сите цели ќе ви биде да пронајдете баланс помеѓу работата и забавата. Ве очекува важна задача пред да завршат празниците.

Девица


Венера, планетата на љубовта и парите, патува во вашата куќа за комуникација, патување и браќа и сестри. Ќе почнете да одите на кратки патувања за да можете да научите повеќе. Ќе читате повеќе и ќе се обидете да ги проширите вашите хоризонти. Исто така, ќе поминете доста време поврзувајќи се со вашите браќа и сестри или луѓето што ги сметате за вашето семејство.

Ова е месец кога треба да започнете да сонувате на големо. Ако размислувате за нешто, тоа може да се случи. Некој би можел да сака да ги поткопа вашите соништа и планови, но вие едноставно земете ги критиките и искористете ги за да ве мотивираат да бидете подобри.

Вага


Време е за шопинг! Венера, планетата на љубовта и парите, се наоѓа во вашата втора куќа на финансиите, овозможувајќи ви одлични зделки што се премногу добри за да ги пропуштите.

Со задоволство ќе ја прифатите вашата внатрешна убавина и ќе почнете повеќе да се сакате себеси. Во текот на месецот работите ќе почнат да се движат во посакуваната насока. Плановите што ги направивте пред некое време, ќе реализираат овој месец. Интересно, енергијата што ќе ви ја овозможат ѕвездите ќе биде насочена кон вашето семејство. Совршено усогласени со празниците, ќе започнете да размислувате за домот и семејството.

Скорпија

Венера и Меркур се наоѓаат во вашиот знак, разгорувајќи многу енергија, терајќи ве да се фокусирате на она што вие го сакате. Почнувате да се ставате на прво место. Ќе ги правите работите што се правилни за вас, а не она што некој друг вели дека треба да го направите.

Новата месечина на 7 декември ќе ве натера да се ослободите од финансиските ограничувања. Понекогаш едноставно мора да си годите сами на себе. Имате право на тоа. Овој месец конечно ќе се чувствувате подготвени да преземете некаква акција и слободно да се изразите.

Стрелец

Ве очекува нов почеток на 7 декември со доаѓањето на новата месечина. Ќе се чувствувате супер оптимистички за иднината. После сѐ, не постои причина работите да не функционираат на начин на кој вие сакате.

Марс е во вашата куќа на домот и семејството и ве тера да се прашувате каде што ќе завршите кога ќе бидете постари. Не грижете се за ова премногу, овие работи се решаваат сами од себе. Парите ви се на ум и размислувате за начини на кои можете да ги удвоите. Пред крајот на месецот, на 22 декември, ќе почнете да се чувствувате посигурни од кога било, во работите што сакате да ги цените во животот.

Јарец


Подготвени сте за забава и ништо нема да ве спречи во вашите планови. Венера, планетата на љубовта и парите, се наоѓа во вашата сончева куќа на пријателства, така што, сега е одличен период да се поврзете со нови луѓе. Новата месечина на 7 декември ќе се најде во вашата куќа на скриените нешта. Ќе сакате да искористите време за себе за да се подмладите и малку да сонувате.

Марс, планетата на акција ќе ве натера повеќе да пишувате и да комуницирате, со што ова е совршен период да започнете дневник, нешто за кое размислувате веќе подолг период. Оставете ги работите да течат по нивниот тек и искористете ја вашата имагинација - ќе бидете изненадени колку можете да извлечете од себе.

Водолија


Напорно работевте, а овој месец конечно ќе ви биде доделено признание за тоа. Но, да знаете, ќе има и доста забава: новата месечина на 7 декември ќе вибрира во вашата куќа на пријателства, со што ова ќе биде одличен месец да излезете, да се забавувате и да среќавате нови луѓе.

Исто така, ќе се пронајдете себеси како размислувате за вашиот неразвиен талент. Можеби е време да ја извлечете вашата гитара повторно и да го грабнете микрофонот, чисто за забава. Ќе почнете да се чувствувате исполнето на многу начини.

Риби


Ова е вашиот месец! Време е да го искористите максимално. Новата месечина на 7 декември ќе ве натера да се чувствувате подготвено да застанете во центарот на вниманието. Знаете што сакате - да ви биде дадена заслуга за сето она што сте го направиле во животот и кариерата, и вие сте подготвени да направите нешто во врска со тоа.

Околу 22 декември ќе ви треба помош од вашите пријатели за да ги реализирате вашите соништа. Пријателите се тука за да ви помогнат да ја реализирате вашата визија.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот