X
 02.01.2022 Наука

Научници научиле мозочни клетки да играат видеоигра во лабораторија

Истражувачи во биотехнолошката стартап-компанија „Кортикал лаб“ успешно научиле клетки од човечки мозок во лабораториски сад да играат игра.

Истражувачите работеле со „минимозоци“ составени од дури еден милион живи човечки мозочни клетки во лабораториски сад. Тие ги научиле клетките да играат поедноставена верзија од видеоиграта „Понг“.

Според нив, сигнал се испраќа на левата или десната страна за да се покаже каде се наоѓа топката, а невроните испраќаат повратни сигнали за да играат со топката. Експериментот бил покажан во видео.


Според истражувачите, ова е првпат како мозочни клетки во надворешна околина извршуваат задачи со цел. Тие велат дека малите мозоци учат побргу од некои системи за вештачка интелигенција.

Извор: Interesting Engineering
Фото: YouTube (Printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука