X
 20.03.2017 Здравје

Охрабрувачки резултати на полето на малигните заболувања

др
Фото: Profimedia

Истражување спроведено од група на научници од Москва под раководство на професорот Виктор Тимошенко од Факултетот за физика при Московскиот државен универзитет Ломоносов, покажа охрабрувачки резултати на полето на малигните заболувања, односно ракот. Д-р Тимошенко вели дека помошта за заболени од рак ќе пристигне за пет години.

„Верувам дека нашето истражување ќе оди побрзо бидејќи се договоривме во експериментот да се вклучи и московскиот инженерско-физички институт за биомедицина, па се наведам дека за четири, пет години би можеле да започнеме со методот со кој ќе му помогнеме на луѓето заболени од рак“, вели тој.

Целта на руското истражување било да се види како наночестичките покриени со лекот декстран, со терапевтски ултразвук, заедно влијаат врз клетките на ракот на грлото. Научниците тврдат дека забележале дека нанончестичките со декстран и силициум го намалуваат бројот на клетките на ракот.

Д-р Тимошенко открива дека целта на неговиот тим била откривање на сосема нов метод, бидејќи со хемотерапија се убиваат и здравите клетки.

„Уверени сме дека во иднина ќе бидат пронајдени нови методи на лекување на ракот со кои ќе се напаѓаат само болните клетки“, вели д-р Тимошенко.

Тој додава дека главниот принцип на нивниот експеримент бил да не се наштети на телото, што и навистина било избегнато благодарение на употребата на силициум, кој не е токсичен, односно на кој сме навикнати, а кои во организмот се активира со светлина или ултразвук, па можеле да управуваат со него и да го однесат во организмот онаму каде што сакаат.

„Ние сметаме дека мора да се води грижа да не се употребува елемент кој може да предизвика нова болест во човечкиот организам“, истакнува тој.

Иако со слични истражувања се занимавал научникот Улер уште во 1956 година, а подоцна и Кенон во 1990 година, тимот на Тимошенко прв се насочил кон терапијата.

Експериментот досега е спроведен само над животни, а д-р Тимошенко вели дека на луѓе волонтери ќе биде проверена ефикасноста на методот само тогаш кога методата врз животните се покаже дека е безбедна и перспективна.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје