X
 02.02.2017 Образование

Вечна дилема: Утрински или попладневни предавања?

Доколку подолго време сте студент, горе-долу создавате распоред на предавања - секако по ваша желба. Но, не постои нешто полошо отколку кога морате да учите цела ноќ, а предавањето ви започнува другиот ден во 8 часот наутро.

Во оваа ситуација постојат две опции - или да им кажете да колегите да ве потпишат (по илјадити пат) или следниот семестар да ги прескокнете сите предмети кои започнуваат толку рано наутро.

Како воопшто да изберете термин? Лесно е, доколку ги земете во предвид следните неколку фактори:

Во кое време најчесто учите?

Некој сака цело попладне да го помине над книгата и потоа слатко да се наспие пред полноќ, додека друг чека да помине новата епизода од „Game of thrones“ па да се фати за книгата, па да ја помине цела ноќ учејќи.

Ако сакате да останете подоцна во ноќта, тогаш добро би било да не ги избирате утринските предавања.

Кои се вашите обврски на факултет?

Студент сте и напоредно со факултетот работите? Тренирате спорт, а тренинзите ви се во вечерните часови? Размислете за вашите обврски надвор од факултетот - ако денот често ви е пренатрупан тогаш утринските термини и термините доцна навечер се идеални за вас бидејќи ќе имате повеќе време за останатите работи кои морате да ги завршите во текот на денот.

„Поради овој/оваа професор/ка би станал/а во 8 часот“


Важен фактор при избор на одредени предмети играат улога и професорите. Сите студенти имаат навика да прашаат за професорите кои предаваат одреден предмет. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование