Речиси сите наставници од државните училишта - 94 отсто, потрошиле дел од сопствените пари за училиштен материјал без надоместок, покажува истражувањето спроведено од Националниот центар за статистички податоци за образование во САД.
Во просек, наставниците од државните училишта потрошиле 479 долари од своите пари во текот на две години. Средната потрошена сума е 297 долари.
Износот на потрошени пари зависел од училишната класификација, видот на заедницата, нивото на наставата и социо-економскиот статус на учениците.
Постои директна врска помеѓу износот на пари што го потрошил наставникот и бројот на ученици на кои им предавал, кои имале бесплатен ручек или ручек со намалена цена.
Во училиштата каде што 75 отсто или повеќе ученици имале бесплатен ручек или ручек со намалена цена, наставниците во просек трошеле 554 долари за училиштен материјал.
Во просек, наставниците што предавале во училишта во градовите трошеле повеќе од наставниците што предавале во приградски, селски или рурални државни училишта.
Наставниците што предавале во основно одделение повеќе трошеле свои пари за
училиштен материјал отколку наставниците во средно училиште, плаќајќи просечно 526 долари.