Веб-страницата „Мај херитеџ“ има нова алатка која со помош на вештачка интелигенција анимира стари фотографии. Алатката наречена „
Дип носталџа“ може да ги анимира старите фотографии од познати личности или лични фотографии од роднини.
Сè што треба да направите е да ја прикачите фотографијата што сакате да биде анимирана и ќе добиете верзија од фотографијата во која лицата на личностите ќе се движат. Може да се анимираат и фотографии со повеќе лица.
Мислењата на корисниците за алатката се поделени. За некои, таа е магична, а за други е морничава. Во секој случај, нема да ве остави рамнодушни.
Автор: Тони Тран
Извор:
futurism.com
Фото: Принтскрин/Twitter