X
 10.06.2023 Живот

Нова фотографија од телескопот „Џејмс Веб“ прикажува 45.000 галаксии

- Едно од најфундаменталните прашања во астрономијата е како настанале првите ѕвезди и галаксии? - пишува НАСА.

Вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ не е долго време во вселената, но веќе дава важни сознанија за ова прашање.

Новата слика направена како дел од најзначајните научни програми на „Џејмс Веб“ не е само визуелно неверојатна, туку е и неверојатно важна за научниците кои работат на разбирање на универзумот, особено на неговите најрани денови.

Како дел од мисијата наречена JADES, телескопот ќе посвети околу еден месец за снимање и анализа на слаби, далечни галаксии.

1

- Додека податоците и понатаму доаѓаат, мисијата JADES откри стотици галаксии кои постоеле кога универзумот бил стар помалку од 600 милиони години. Исто така, тимот идентификува галаксии кои блескаат со многу млади, жешки ѕвезди - објаснуваат од НАСА.

- Со JADES сакаме да одговориме на многу прашања, на пример: Како се собрале најраните галаксии? Колку брзо формирале ѕвезди? Зошто некои галаксии престануваат да формираат ѕвезди? - вели Марсија Рике од Универзитетот „Аризона“ во Тусон, која е ководач на мисијата JADES.

Откривање на раниот универзум

Друга голема компонента на JADES е потрагата по рани галаксии, кои во овој контекст се галаксии кои постоеле помалку од 400 милиони години по големата експлозија

3

„Џејмс Веб“ веќе го трансформира начинот на кој научниците ги бараат овие стари галаксии.

Кевин Хејнлајн од Универзитетот„ Аризона“ и неговите колеги ја користеле камерата на „Џејмс Веб“ за да добијат спектрални мерења, кои се нарекуваат фотометриски црвени поместувања.

Неговиот тим успеал да идентификува повеќе од 700 галаксии за кои верува дека постоеле кога универзумот бил стар помеѓу 370 и 650 милиони години.

- Претходно, најраните галаксии што можевме да ги видиме изгледаа како мали дамки. Тие дамки претставувале милиони, дури и милијарди ѕвезди на почетокот на универзумот - вели Хејнлајн.

4

Извор: Petapixel.com
Фото: NASA, ESA, CSA, Brant Robertson (UC Santa Cruz), Ben Johnson (CfA), Sandro Tacchella (Cambridge), Marcia Rieke (University of Arizona), Daniel Eisenstein (CfA). Image processing: Alyssa Pagan (STScI)
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот