X
 02.04.2019 Технологија

Роботи 200.000 пати превиткуваат телефон

Во рамките на тест за издржливост, а со цел да докажат колку е квалитетен нивниот телефон, од „Самсунг“ го превиткувале телефонот „Galaxy Fold“ толку многу пати што тоа е еднакво на петгодишна употреба.

Кога од „Самсунг“ го презентираа телефонот, почнаа да се појавуваат шпекулации за брчка на средината. За да докажат дека тоа не е точно, од „Самсунг“ објавија видео на кое се гледа како се свиткува телефонот, а напишаа дека било тестирано дали телефонот може да издржи 200.000 превиткувања. Тоа е еднакво на 5 години користење на телефонот, ако се користи 100 пати на ден, истакнаа од компанијата.

- Иако тестот можеби изгледа како претерување за некои, за „Самсунг“ тој беше витален за да се осигури издржливоста на телефонот - стои во соопштението.

Погледнете како изгледа тестирањето.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија