X
 03.04.2019 Технологија

Безжично полнење и кај ајфоните?

Телефонот на „Хуавеи“, „Mate 20 Pro“, има една многу корисна функција - може безжично да полни други направи ставени на него. Слична функција има и „Galaxy S10“ на „Самсунг“, а според одредени лица, наскоро истата функција би можеле да ја имаат и ајфоните.

Според аналитичарот Минг-Чи Куо, „Епл“ ќе вклучи поголеми батерии за да ја направи покорисна опцијата. Тајмингот изгледа совршен ако се земе предвид тоа што „Епл“ неодамна ги претстави новите слушалки „ерпод“, кои може да се полнат безжично.

Кога „Хуавеи“ го најави безжичното полнење на опачината, многумина дискутираа за корисноста. Ова бара од вас да го оставите телефонот на едно место (што не е лесна задача за милениумците) и е прилично бавно. Но, сепак е корисно. Тоа може да го спаси телефонот на вашиот пријател на вечера, а во случајот на „Епл“, тоа уште повеќе има смисла поради тоа што и слушалките „ерпод“ и часовникот на оваа компанија се полнат безжично. А од „Епл“ изгледа нема да ја задржат функцијата ексклузивно за нивните уреди бидејќи новите ајфони би требало да можат да полнат и други направи.

Ако и батериите се поголеми во овогодишните ајфони, тоа ќе биде уште подобро. Куо најавува зголемување од 10 до 15 отсто за 6,5-инчниот модел и 20-25 отсто за 5,8-инчниот модел. Тоа би било значајно за „Епл“, компанија која традиционално ги приоретизира енергетската ефикасност и тенкоста пред милиампер-часовите.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија