X
 02.05.2018 Образование

Имаме нов закон за високо образование


Собранието денеска го донесе новиот Закон за високо образование.
Министерката за образование и наука Рената Дескоска во своето обраќање до пратениците во Собранието рече дека посебен фокус е ставен на контролата на квалитетот во високото образование.



Затоа досегашниот Одбор за акредитација и евалуација е поделен на две тела – посебно тело за евалуација на квалитетот на високото образование и посебно тело за акредитација.
- Вака ќе се обезбеди и контрола на акредитираните програми, со цел да се утврди дали акредитираните институции го обезбедуваат квалитетот што тие го предвиделе – рече Дескоска.
Нов начин на студентско организирање, нови институции кои ќе ги мерат квалитетот и работата на високообразовните институции, повеќе надлежности се враќаат во рацете на професорите, односно наставно-научните совети, а слабее моќта на деканите и на ректорите. Ова се само дел од промените што ги носи новиот Закон.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование