Засега нема конкретни препораки од Министерството за образование и наука за тоа дали и како ќе се изведе доделувањето на свидетелствата на крајот од учебната година. Оттаму разгледуваат неколку опции.
Оваа генерација деветтоодделенци е првата што крајот на своето основно образование го дочека во вонредна состојба поради пандемијата на Ковид-19. Пред секој од нив да продолжи по различна патека, тие ќе немаат можност да се поздрават со своите наставници, со училиштето во кое поминале девет години од животот.