X
 02.06.2021 Живот

Не е само Италија! И Јапонија бара жители за своите празни домови

Во Јапонија има милиони празни домови, а дел од нив се ставени на продажба за многу ниски суми. Според анкета спроведена во 2018 г., во Јапонија има 8,49 милиони празни домови.

Многу од овие куќи биле оставени поради смртни случаи или поради преселби. Процентот на празни куќи е особено висок во регионите Вакајама, Токушима, Кагошима и Кочи, во кои над 18% од домовите се напуштени.


Фото: Pixabay

Владата на Јапонија има планови за заживување на руралните предели на Јапонија со поттикнување на туризмот и охрабрување агрикултурни реформи. Во рамките на овие планови, Јапонија го олеснува процесот на продавање на празните домови преку специјализирани веб-страници на кои локалните власти ги огласуваат напуштените домови.

На веб-страниците може да се најдат куќи и за 455 долари. Некои јапонски градови доделуваат субвенции за купување домови и деца. Градот Даисен им доделувал грантови во вредност од околу 18.000 долари на оние што ќе ги реновираат домовите што се огласени.


Фото: Pixabay

Истовремено, во повеќе јапонски региони се доделуваат грантови од над 27.000 долари за оние што ќе основаат компанија од областа на информатичките технологии во рурален регион.

Проблемот со празни куќи не е уникатен во Јапонија. Претходно, повеќе градови од Италија објавиле иницијативи за привлекување нови жители во напуштените италијански гратчиња.

Извор: Insider
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот