X
 04.07.2023 Живот

Италијански град нуди 150 евра месечно ако се преселите таму

Мантова има околу 50.000 жители и е град со монументални резиденции. Овој град е познат по ренесансните палати и извонредната гастрономија, и тоа не е чудно со оглед на тоа што се наоѓа во Италија.

Но, денес градот е познат и по тоа што градските власти нудат плата за сите што ќе се преселат таму.

Сакате да добивате плата за да живеете во еден од најголемите уметнички градови во Италија? Мантова има токму таква понуда: преселете се во овој град и ќе добивате до 150 евра месечно.


Градот го следи примерот на неколку други заедници во Италија и стимулира нови жители со финансиски придонеси. Властите се надеваат дека новата програма ќе помогне да се олесни проблемот со стареењето на населението.

За оваа иницијатива градскиот совет има издвоено 400.000 евра, од кои 200.000 евра ќе бидат распределени годинава и уште 200.000 евра во 2024 година. Парите ќе бидат наменети за придонеси за кирија за сите нови жители, и тие ќе добиваат по 150 евра месечно. Властите велат дека ќе прифатат околу 100 апликации годишно за вакви грантови.

За да имаат право на парична помош, заинтересираните треба да потпишат договор за изнајмување на најмалку една година. Програмата е отворена и за семејства и за поединци.

Извор: b92.net
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот