2019 е доста плодна година за Двејн Џонсон. Магазинот „Форбс“ го именува за најплатениот холивудски актер за 2019 година. Освен тоа, Џонсон се најде и на 15. место на севкупната листа со луѓе што најмногу заработиле. Исто така, Џонсон се најде и на списокот со најплатени актери во 2018 година.
Според магазинот, Џонсон заработил 89,4 милиони долари од неговите филмови „Хобс и Шо“ и „Џуманџи: Следното ниво“. Исто така, тој глумеше и во серијата на Ејч-би-о - „Играчи“.
Освен тоа, Џонсон ја поседува и компанијата „Севен Бакс продакшн“, која има голем број проекти како „Црниот Адам“, „Кралот“ и други.
Втор на листата на „Форбс“ со најплатени актери е Крис Хемсворт со 76,4 милиони долари, а поголемиот дел од неговата заработка доаѓа од филмот на „Марвел“, „Одмаздници: Завршница“.
Во 2018 година
Џонсон имаше заработка од 124 милиони долари, најголема заработка што ја имал холивудски актер во историјата на листата на „Форбс“.
- Работам екстремно многу, но никогаш не очекував (ни во најлудите соништа) дека ќе станам највисоко платениот актер во историјата на „Форбс“. Немам диплома од „Харвард“, но мојата бизнис-филозофија се заостри со текот на времето и преку неуспехот - напиша Џонсон на неговиот инстаграм-профил.