X
 28.10.2021 Култура

Актерот што го играше малиот фотограф во „Хари Потер“ сега е професионален фотограф

Доколку сте обожавател на филмовите „Хари Потер“, веројатно го знаете ликот Колин Криви. Тој е познат по фотоапаратот што секогаш го носи со себе. Се чини дека животот навистина ја имитира уметноста бидејќи актерот што го играл овој мал волшебник, Хју Мичел, сега е професионален фотограф.


Фотографот, кој живее во Обединетото Кралство, прави портрети, пејзажи и други фотографии.

- Отсекогаш ми се допаѓаше фотографијата, па затоа не мислам дека ми требаше глумата за да ме доведе до она што го правам сега, но дефинитивно помага да се има искуство и од другата страна на леќата бидејќи дел од мојата работа денес е фотографирање актери - открил Мичел за „Мај модерн мет“.



Неговата љубов кон природата го охрабрила да се занимава со сериозна фотографија.



Извор: My Modern Met
Фото: YouTube (Printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура