X
 02.10.2019 Живот

Турција е најдарежлива земја во светот

Втора година по ред Турција е најголемиот донатор на хуманитарна помош во светот, според новиот извештај, кој покажува дека земјата само минатата година потрошила 8,4 милијарди долари. Извештајот го подготви независна организација за меѓународен развој.

Земјата расходувала 8,4 милијарди долари за хуманитарна помош во 2018 година, додека трошоците за помош за 2017 година изнесувале 8,1 милијарди американски долари, се вели во извештајот за глобалната хуманитарна помош на Глобална иницијатива за развој (ДИ).

Во 2018 година, околу 29 отсто од целата меѓународна хуманитарна помош, или 28,9 милијарди американски долари, дошле од Турција, покажува извештајот. Помошта од други земји се намали на годишно ниво во 2018 година, вклучително и од САД (од 6,68 милијарди долари на 6,65 милијарди долари), Германија (од 2,98 милијарди долари на 2,96 милијарди долари) и Велика Британија (од 2,52 милијарди на 2,19 милијарди долари).

Расходите за хуманитарна помош во Турција се близу до 1,1 отсто од нејзиниот БДП во 2018 година наспроти 1 отсто во 2017 година. САД обезбедуваат 0,032 отсто од својот БДП, Германија 0,074 отсто и Велика Британија 0,077 отсто. Турција беше рангирана на третото место во извештајот на ДИ во 2013, 2014 и 2015 година и на второ место во 2016 година.

Таа, исто така, е домаќин на најголем број бегалци во светот – четири милиони, покажуваат официјалните податоци. Бројот на сириски бегалци што живеат во земјата е 3,66 милиони во септември.

Иако се бори за економски развој бидејќи се обидува да влезе во Лигата на развиените земји – обновена по долгогодишно економско лошо работење, Турција е решена да оддели повеќе за хуманитарна помош. За време на владите на Партијата за правда и развој, напорите за хуманитарна помош се зголемија и се забрзаа, а агенциите за помош во земјата прераснаа во организации за помош при катастрофи и бегалци. Напорите на земјата ѝ овозможија да биде домаќин на Светскиот хуманитарен самит, прва ваква средба на ОН за координирање на хуманитарните напори.

Турската Црвена полумесечина, исто така, го разви својот профил во меѓународната заедница со зголемено присуство во напорите за хуманитарна помош. Добротворната организација е вклучена во напорите за помош – од поставување бегалски кампови до испорака на пакети со храна во зоните на конфликтот и регионите погодени од катастрофи низ целиот свет. Црвената полумесечина обезбеди хуманитарна помош за 23 милиони луѓе во 2018 година низ светот.


Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот