X
 15.01.2016 Култура

Бегалец? Има апликација за тоа

Германската влада претстави нова апликација која е наменета за бегалците подобро да се интегрираат во нивната земја. 


Позната како „Ankommen“, апликацијата за „Android“ е достапна бесплатно, а наскоро се очекува и верзија за телефоните на „iOS“. Апликацијата е достапна на арапски, англиски, персиски, француски и германски јазик и за неа не е потребен интернет.

Што има во апликацијата?

Во апликацијата има курс за основно познавање на германскиот јазик. Потоа, таму се наоѓаат и информации за процесот за барање азил и водич за наоѓање работа или тренинг.

Во апликацијата има и информации за вредностите кои се ценат во Германија и социјалните обичаи со совети за странците кои живеат во земјата.

Изминатата година, во Германија пристигнале над 1 милион азиланти, повеќето од кои бегале од војните во Сирија и Авганистан.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура