02.11.2017
Живот
Пет начини да си помогнете кога сте во депресија
Терапевтот Меган Бруно споделува 5 корисни совети за оние што поминуваат низ депресивен период и се обидуваат нешто да променат.
1. Излезете надвор
Иако контактот со другите луѓе може да ви се чини напорен и тежок, излегувањето од дома може да го излаже таквото чувство затоа што ќе се чувствувате попродуктивни. „Депресијата сака да нè лаже. Таа обично сугерира: Се чувствуваш лошо, никој не сака да биде во твоето присуство. Заштеди енергија и работи денес од дома.“ Кога е во прашање продуктивноста, работата од дома може да биде огромен предизвик.
2. Намалете ги очекувањата
Не очекувате брзо да се движите со скршена нога, исто така не треба да се очекува да сјаете во моментите на депресија. Бруно советува да си ги намалите очекувањата.
„Ако сте во состојба да дадете 30% од себе, тогаш и очекувајте 30% резултати од она што би го постигнале во нормални околности. Задајте си специфични цели, работете во овој момент, каде и да се наоѓате.“
3. Бидете одговорни
Нормално, ова е тешко да се постигне кога сте депресивни, но поставувањето на целите во пар, односно со уште едно лице, би требало дополнително да ве мотивира, истакнуваат експертите.
„Иако на прв поглед може да изгледа контрапродуктивно, важно е да се помине време со другите, особено кога се во прашање луѓе на кои им значите и се грижат за вас, пред кои можете да бидете такви какви што сте“.
4. Покажете самодоверба и сочувство
Многу е важно одреден период од денот да го посветите исклучиво на себе, без разлика дали се работи за тренинг или за некое хоби. Вежбите го подобруваат расположението. Истражувањата исто така покажале дека самокритичноста често може да демотивира.
5. Размислете за терапија
Објективната и сигурна помош секогаш може да ви помогне во вашата борба. Не одложувајте го моментот да побарате стручна помош.
Подготвил: Маја Пероска