Веќе некое време е познато дека депресијата е заразна: ако вашиот цимер е депресивен, многу е поголема веројатноста дека и вие ќе станете депресивни. Но, не се знае како доаѓа до тоа. Дали е тоа форма на емпатија? Дали се работи за хемиска реакција? Или се работи за стрес?
Една нова студија ни помага да расчистиме дел од оваа мистерија. Била спроведена на глувци, а не на луѓе. Кога глушец кој не бил во депресија бил ставен во кафез со депресивни глувци, по пет недели тој покажал зголемено депресивно однесување и хормонски маркери кои укажуваат на депресија. Ова, само по себе, бил нов начин да се потврдат претходните наоди дека депресијата е заразна. Но, навистина интересните и нови сознанија произлегле од контролните услови.
Еве една малку поинаква состојба со која експериментирало истражувањето: наместо да работат со еден голем кафез, тие поставиле проѕирен ѕид за поделба помеѓу глувчето кое не е во депресија и депресивните глувци. Во овој случај немало „зараза“. Ова посочува дека физичкиот контакт (или можеби некој вид хемиски пренос) е вклучен во процесот на пренесување. Дополнителна потврда за ова доаѓа од уште еден експеримент кога глушец кој не бил во депресија бил ставен во кафез со постелнината на депресивните глувци, а истражувачите забележале некое депресивно однесување, но поблаго отколку во сценариото во кое глувците се измешани.
Значи, физичкиот контакт е клучот. Но, експериментаторите тестирале уште еден фактор за тоа како депресијата може да се шири - стресот. Стресот е главен фактор за развој на депресија, па едно можно објаснување би било дека она што всушност е заразно не е депресијата, туку стресот. И имаме многу експериментални докази, повеќето од нас имаат и лично искуство - дека стресот е заразен. Интересно, сепак, стресот не игра улога во пренесувањето на депресијата. Кога глувчето кое не било депресивно било ставено во кафез со глувци кои биле под стрес, но не биле депресивни, тие не станале подепресивни. Всушност, тие често помагале да се намали нивото на стрес кај другите глувци.
Иако наодите од глувците се индикативни, тоа не е директен доказ за тоа како функционираат работите кај луѓето.
Уште поважно, треба да се нагласи дека во никој случај не значи дека треба да избегнуваме друштво на депресивни луѓе. И ова е точката каде што последните експериментални наоди се исклучително релевантни. Физичкиот контакт, прегратката и држењето нечии раце навистина можат да помогнат. Може да помогнат да се надмине стресот и може да помогнат и при депресија. Значи физичкиот контакт не е само начин на кој би можеле да се заразиме со депресија - туку тој е важен за да го подобриме животот на луѓето околу нас.
Извор: psychologytoday.com
Фото: Freepik