Министерството за образование и наука информира дека се исплатени средствата за ученички и студентски стипендии за месец јуни 2021 година.
Сите корисници на стипендии што ги доделува МОН за ученици од средните училишта, студенти запишани на додипломски студии на високообразовните установи во Република Северна Македонија, како и студенти запишани на некој од најдобрите светски универзитети согласно Шангајската ранг-листа, на своите трансакциски сметки ја добија јунската стипендија, пишува во соопштението од МОН.