X
 29.11.2015 Образование

Прогласени добитниците на најпрестижните стипендии во САД

Стипендијата „Родс“ е меѓународна последипломска награда за одбрани странски студенти за студирање на Универзитетот во Оксфорд. Стипендијата е именувана по Сесил Џон Родс, а стипендијата се смета за една од најпрестижните академски награди во светот и најпрестижна во САД.


Годишно се доделуваат 32 стипендии на студенти во 4-та година или на новодипломирани студенти. Оваа година, меѓу победниците има студенти од „Харвард“, „Принстон“, „Јејл“ „Дјук“ и други. Најголем број стипендисти, петмина, се дипломци на престижниот универзитет„Харвард“.

Инаку, стипендистите се одбираат такашто студентите се натпреваруваат на самите универзитети, по што продолжуваат со натпреварување на државно ниво. При наградувањето се земаат предвид и други фактори, покрај резултатите и достигнувањата на студентите, како местото на живеење, половата, верска, етничка и расна припадност, а понекогаш и социоекономскиот статус. 

Интересно е да се забележи дека меѓу наградените дипломци и студенти преовладуваат млади и амбициозни луѓе кои за време на студиите работеле на истражувања, волонтирале и слично.

Така, од биографиите на наградените гледаме дека се работи за луѓе кои граделе училишта, создавале програми за учење англиски јазик за Ромите, спроведувале истражувања за операции за трансплатација и работеле на документарни филмови.

Сите биографии на стипендистите пронајдете ги овде.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование