X
 03.07.2017 Образование

TEDx: Како да научите кој било јазик за шест месеци?

Секое лице кое почнува со учење на странски јазик си го поставува истото прашање:  „Колку време ќе ми треба за да го совладам?“. За човековата природа е типична нетрпеливоста – веќе на почетокот сакаме веднаш да стигнеме на целта. Затоа, не заборавајте дека учењето е патување.

Ако учите по еден час дневно, ќе ви бидат потребни нешто повеќе од година дена за да го совладате јазикот. Два часа на ден, тоа време се намалува на шест месеци. Три до пет часа дневно – и на целта сте веќе само за три месеци. Десет часа на ден? Да не се занесуваме!

Навистина постојат такви интензивни курсеви, но постојат и разлики и граници во брзината – на мозокот му треба време да ги впие и преработи сите нови информации.

Погледнете го ова едукативно видео каде Крис Лонсдејл, директор на компанијата „Крис Лонсдејл и партнерите“ зборува дека секој може да научи каков било странски јазик само за шест месеци:


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование