Почина Благој Стефановски-Баге, поранешниот министер за култура, актер и долгогодишен театарски работник, поради компликации од Ковид-19. Имаше 67 години.
Стефановски беше човек кој живееше за театарот и беше одличен менаџер. Беше долгогодишен директор на Битолски театар, а по завршувањето на министерскиот мандат го оформи Мал драмски театар – Битола и работеше на независната сцена.
Бил пратеник и спортски работник вклучен во Ракометниот клуб „Пелистер“. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во 1975 година. Се вработил во Народниот театар во Битола. Бил претседател на фестивалот „Браќа Манаки“, во управувачките тела на фестивалот „Охридско лето“ и претседател на фестивалот „Војдан Чернодрински“. Од 2002 година до 2006 ја извршуваше функцијата министер за култура.
Фото: Wikimedia