X
 06.08.2024 Култура

Почина новинарот Саше Димовски

На 47-годишна возраст, по долгогодишни здравствени компликации, почина новинарот Саше Димовски.

Димовски ги следеше случувањата во правосудниот систем. Тој беше претседател на Советот на чест на ЗНМ, а неодамна беше именуван во Комисијата за помилување на Гордана Сиљановска Давкова.

Димовски работеше во Канал 5,Сител и ТВ 24. Работеше и во неделникот и дневниот весник „Фокус“, на позиција новинар и уредник. Соработувал со повеќе дневни и неделни изданија, локални и регионални тв медиуми. Основач е на svedok.mk.

Тој е автор на голем број публикации од областа на правосудството и медиумите.

Погребот ќе биде утре на новите Градски гробишта во Велес.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура