X
 04.01.2021 Образование

МОН објави дополнителни конкурси за доделување на преостанатите ученички и студентски стипендии

Министерството за образование и наука информира дека се објавени дополнителни конкурси за доделување на преостанатите ученички и студентски стипендии кои останаа недоделени по завршувањето на првично објавените конкурси за учебната, односно академската 2020/2021 година.

Конкурсот за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија е објавен ТУКА. Истиот предвидува распределба на 318 стипендии за студенти од социјални категории, 64 стипендии за студенти кои оствариле висок просек во учењето и 21 стипендија за студенти запишани на студиски програми по математика, хемија и физика.

Конкурсите за доделување ученички стипендии се објавени ТУКА и со нив е предвидено доделување на 25 стипендии за ученици – деца без родители, 10 стипендии за талентирани ученици и 20 стипендии за талентирани ученици – спортисти, запишани во јавните и приватните средни училишта во Република Македонија.

Потенцијалните кандидати кои ги исполнуваат конкурсните услови можат да одберат својата апликација заедно со сите потребни документи да ја достават хартиено преку архивата на МОН, или пак, да аплицираат електронски преку интернет-платформата www.konkursi.mon.gov.mk, најдоцна до 11.1.2021 година.

Упатството за електронско аплицирање може да се погледне ТУКА. Од МОН напоменуваат дека апликацијата се смета за успешно поднесена откако ученикот, односно студентот по притискање на копчето „аплицирај“ ќе добие ИД (идентификациски број) на апликацијата.

За какви било дополнителни информации и поддршка, контактите на вработените во Секторот за ученички и студентски стандард, како и на сите останати вработени во МОН се објавени на овој линк.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование