X
 04.04.2017 Живот

Тајната на исполнетиот живот

Во светот во кој живееме е тешко да се балансира. Често е невозможно да се определите дали кариерата е поважна од Вашите врски. За да се тестира што е поважно, на Харвард е направена една 75 – годишна студија.


Фото: Pixabay


Затоа што студијата е долга, основно било да се вклучат многу генерации. Студијата траела за време на Втората светска војна. Кога директорот на Харвард студијата за развој на возрасни, Роберт Валдингер го кажал исходот, рекол:

„Најчистата порака која ја добивме од 75-годишната студија е оваа: Добрите врски нѐ прават посреќни и поздрави.“

Ова не вклучува колку пари имате на сметката, колку заработувате, колку луѓе Ве следат на социјалните медиуми, или во колку компании сте работеле. Студијата одредува дали фактот да имате некого во животот придонесува нервниот систем да работи добро, а истовремено ги намалува и телесните болки.

Валдингер кажал дека целата теорија лежи во квалитетот на врските не квантитетот. Дури да се биде во врска не е доволно ако не Ве исполнува целосно. Иако можеби имате големи групи пријатели, важно е колку тоа Ве исполнува. Кога имате длабоки врски тие Ве отвараат и ризикувате да бидете повредени. Но, ова е како се расте. Колку сте ранливи со некого ја овјаснува врската.

Според психијатарот кој ја водел студијата, Џорџ Ваилант, има две основни нешта што се поврзуваат со ова: едно е љубовта, а другото е начинот на кој се справувате со животот да не ја турка од Вас љубовта.

Ако имате финансии и добра работа, можеби ќе бидете среќни во одредена мера, но не и задоволни и исполнети. Затоа во иднина, ако сфатите дека правите било што кое може да биде оставено за подоцна, неместо да работите на Вашите врски, застанете. Иако врските може да бидат комплицирани, тие се вредни за напорот што го вложувате и се единствен пат до среќен и исполнет живот.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот