Бруто-домашниот производ по жител пораснал за 50% во Шведска од 1995 до 2016 година. Во 2018 година земјата беше прогласена за најпосветена на намалување на нееднаквоста и е седма држава во светот по најсреќни жители во 2020 година. Може да заклучиме дека таму може добро да се живее. Но, во што се крие тајната за добар живот?
Еден жител на Шведска смета дека повеќе фактори играат улога. Во една објава на „Фејсбук“ тој неодамна ги направи љубоморни луѓето низ целиот свет. Во објавата го опишува својот живот во Шведска.
Тој работи 40 часа неделно и заработува 3.000 долари месечно. Плаќа 752 долари месечно за данок, а тоа му гарантира дека нема да банкротира и дека може да ги користи јавните здравствени установи секогаш кога му треба.
Трансплантација на срце би го чинела 10 долари за ноќ додека престојува во болницата, а за самата операција не би платил ништо. Доколку му требаат лекови како инсулин, би плаќал максимум 250 долари годишно бидејќи Швеѓаните знаат дека не треба да се заработува од луѓето што се болни и на кои им требаат лековите за да преживеат.
Образованието е бесплатно, вклучувајќи ја и
ужината на училиште. Децата често имаат повеќе понудени здрави оброци. Позајмувањето книги од библиотека е бесплатно. Тој вели и дека ја поседува својата куќа, која ја купил со кредит кој го отплаќа во месечни рати од 220 долари.
Фото: Pixabay
Сметките за електрична енергија и греење изнесуваат 200 долари, а плаќа и 10 долари месечно за приватно животно осигурување. Месечно му се потребни 200 долари за храна, 450 долари за бензин бидејќи работи далеку од домот, 55 долари за автомобилско осигурување и 70 долари за отплаќање кредит за студирање кој му бил потребен за покривање на трошоците за сместување.
Тој плаќа и 30 долари месечно за работно здружение кое би му плаќало 1.600 долари месечно најмногу 300 дена доколку остане без работа. Швеѓаните добиваат 480 дена платено родителско отсуство и 25-33 дена платен одмор во годината, а секој час по работното време се плаќа 100%-200% од надоместот за час во работно време.
На крајот му остануваат 1.043 долари за трошење.
- Ако сум здрав, може да работам. Ако работам, компанијата ќе биде успешна бидејќи можам да придонесам. Ако компанијата е успешна, ќе заработува. Ако компанијата заработува, ќе добиете покачување (иако тоа се добива секоја година во Шведска за да се изедначи со останатите трошоци што се зголемиле). Ако ве плаќаат доволно, може да ги плаќате сметките и ќе имате доволно пари за трошење (за бизнисите да може да продолжат да бидат успешни и тие ќе заработуваат за вие да добиете покачување итн.). Ако отстраните една алка, целиот синџир ќе се скине - пишува тој.
Автор: Илона Балиунаите
Извор:
boredpanda.com