Куќата на брегот Кап Фера што некогаш била дом на белгискиот крал Леополд Втори сега се продава за 350 милиони евра - оваа цена ја прави најскапа куќа во светот.
Фото: Getty
Вилата „Лес Кедрес“ била изградена во 1830 година. Куќата, која се протега на 1.600 квадратни метри, се наоѓа на Сен Жан Кап Фера, а има прекрасни соби украсени со неверојатни лустери.
Фото: Getty
Фото: Getty
Библиотеката што се наоѓа во куќата располага со околу 3.000 книги, вклучувајќи и ботанички кодекс од 17 век, што исто така е на продажба, заедно со теписите, сликите и мебелот.
Кралот Леополд ја купил оваа куќа во 1904 година и ги проширил нејзините основи. Подоцна, вилата му припаѓала на семејството Марниер-Лапостол, кое одгледувало палми, имало маслинови градини и овоштарници околу францускиот имот.
Фото: Getty
Фото: Getty
Ако некој ја купи куќата по цената што веќе е поставена, таа ќе стане најскапата
станбена продажба во историјата.