Ако сакате да патувате, но притоа имате истанчен и необичен вкус, можеби треба да ја посетите Atlas Obscura. Во последните години оваа интернет страна ги запишува најчудните места на светот кои може да се посетат.
Неодамна овој број достигнал 20.000 и за да го прослават јубилејот, сопствениците на страната ги ставиле сите места на една мапа со локација и опис.
Што има на мапата?
Може да го посетите музејот на остатоци од храна на славните во Англија, напуштеното село со духови во Франција, гробиштата на вселенско летало во Нов Зеланд итн. Од Мадагаскар до Англија, САД до Исланд и понатаму, има многу чудни места кои може да се видат за оние кои имаат страст кон патување или за сите кои сакаат да искусат нешто необично.
На мапата се наоѓа и Македонија со локалитетот Куклица, Кратовско, Македониумот во Крушево и зградата на Хидрометеоролошкиот завод на Македонија во
Скопје.
Целосната мапа видете ја
ОВДЕ.