Во периодот пред 7.000 до 5.000 години постоело генско „тесно грло“, односно момент во историјата на човештвото кога само еден маж што можел да учествува во репродукцијата на популацијата доаѓал на 17 (па и повеќе) жени, се наведува во истражувањето на Универзитетот „
Стенфорд“.
Новата студија има многу побрутални претпоставки од некои претходни. Нејзините автори тоа го нарекуваат „патрилинеарна компетиција во сродната група“.
Со други зборови, група мажи што се натпреварувале за вниманието на жената толку жестоко се бореле и се убивале, што на крајот останале само неколкумина кои можеле да придонесат за зголемување на глобалната популација.
„Присуството на такви групи резултирало со насилна меѓугрупна компетиција, што главно се одвивала помеѓу машките членови на групата во далечно сродство, наместо комплетно неповрзани индивидуи“, се наведува во студијата објавена во списанието „Nature“.
„Жртвите на таквите меѓугрупни конфликти се зголемувале помеѓу мажите што биле во сродство, што доведувало до истребување на цели поколенија“.
Едноставно кажано, кога група мажи, најчесто сродници, ќе ја изгубеле битката со друга група, тие во целост би биле уништени, а нивните жени би станале плен на победниците.
Истражувачите кажуваат дека ова е само научна претпоставка. Алтернативната хипотеза би била епидемија од некоја брзорастечка болест, драстично намалувајќи ја машката популација и влијаејќи врз односите помеѓу машите и жените, пишува „
Newshub“.
Сепак, ефектите од таквите епидемии се мали и не би можеле да доведат до односот 1 спрема 17 помеѓу машката и женската популација, сметаат научниците.