X
 04.08.2016 Живот

Брилијантни одговори на прашањето: "Зошто немаш момче?"

Голем дел од слободните „птици“ често пати се наоѓаат во ситуација во која некој мора да ги праша: „Зошто немаш момче?“

И покрај тоа што е неверојатно тоа што луѓето се'уште мислат дека е соодветно да се постави ова прашање, сепак секогаш ќе постои тетката, вујкото, колегата или пријателот кои ќе го постават ова прашање како да е најнормално да се мешаат во вашиот приватен живот.

За еднаш засекогаш да се справите со ова прашање, и повеќе да нема повторувања, одговорете со еден од овие брилијантни одговори:

1. Се фокусирам на мојата кариера бидејќи сега сме 2016 година и тоа е нешто што луѓето го прават денес.

2. Не сакам да се смирам и да основам семејство. Не секој од нас го наоѓа „Г-дин Вистински“ во средно.

3. Свадбите се скапи, а јас имам скап вкус за одмори, алишта и обувки.

4. Да, ужасно е тоа што можам да излегувам со било кое згодно момче кога сакам и како сакам.

5. Не ми е потребно момче за да докажам дека вредам.

6. Зошто да не зборуваме за унапредувањето кое го добив на работа?

7. Порадо би имала значајна плата отколку значајна половина.

8. Толку сум неверојатна што се'уште не сум пронашла никој ни приближно неверојатен колку мене.

9. Како што би рекла Шер Хоровиц: „Не гледаш колку избирам кога станува збор за чевлите, а тие ги ставам на нозе“.

10. Не знам. Зошто ти се'уште си во брак?

11. Принцот Вилијам веќе е зафатен.

12. Никој не е доволно добар за мене.

13. Зафатена сум фокусирајќи се на себеси и немам ниту една слободна минута која би можела да ја посветам на друг.

14. Зошто да се задоволам со едно момче кога можам да имам седум?

15. Искрено, тоа што сум слободна е навистина забавно.

16. Повеќе ми се допаѓа титулата „Извршен директор“ отколку „Сопруга“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот