X
 04.11.2018 Живот

Започна изградбата на највисокиот африкански облакодер

Во близина на мароканската престолнина Рабат започна изградбата на кулата „Мохамед Шести“ висока 250 метри, која би можела да ја носи титулата највисок облакодер во Мароко и Африка.

На десната страна од реката Боу Регрег, во местото Сале, зградата од 55 катови ќе биде финансирана од „БМЦЕ Банк“ на мароканскиот милијардер Отаман Бенџелун.

Планот за изградба беше објавен во 2016 година и оттогаш се изведени подготвителните работи.

Облакодерот, според проценките, ќе чини околу 367 милиони евра, а се очекува да биде завршен во 2022 година. Во облакодерот ќе има канцеларии, резиденции и луксузен хотел.

Мароко ја започна големата програма наречена „Рабат-град на светлината“, кој предвидува бројни проекти на двата брега од реката. Денес во Мароко највисоки се облакодерите „Мароко Телеком“ во Рабат, висок 139 метри, и две кули близначки во Казабланка високи 115 метри.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот