За време на неговиот последен шестмесечен престој на Меѓународната вселенска станица, астронаутот Томас Пескет стана препознатлив по создавањето неверојатни фотографии од Земјата.
Пескет се врати од вселената пред неколку недели, но и покрај тоа што има објавено слики додека бил во вселената, има уште многу што не ги објавил.
Така, откако се врати на Земјата, тој објавува од своите импресивни фотографии, а неговата најнова објава се две впечатливи фотографии снимени над Перу и Африка.
Многу од сликите на Пескет личат на нацртани уметнички дела и нè потсетуваат на убавината на Земјата.
Кон крајот на својата мисија,
Пескет понуди увид во тоа како успева да постигне толку добри резултати со неговата вселенска фотографија.
Бидејќи поголемиот дел од своето време на Меѓународната вселенска станица го поминувал работејќи на експерименти, немал шанса едноставно да седи и да гледа низ прозорецот.
Додека се наоѓал во вселенската станица, можел да користи специјален софтвер за навигација што го покажува патот што ќе го помине Меѓународната станица и дали ќе биде ден или ноќ кога сателитот ќе помине над одредени места.
Пескет рече дека е „многу потешко“ да се направат прекрасни слики од Земјата отколку што мислите.
- Пред сè, само периодично летаме над одредени области. Второ, дури и ако летаме над област од интерес, тоа може да биде во текот на ноќта, така што нема да има што да се види освен ако не е град со јаки улични светла - објаснува тој.
Тој додаде дека ако астронаут работи кога станицата минува над област од фотографски интерес, не е можно да остави сè и да ја земе камерата.
Со други зборови, многу фактори треба да се усогласат за да се направи одлична снимка од Земјата. За Пескет, внимателното планирање се исплати.
Фото: Twitter