Во последните неколку години, фотографиите од авионот, односно од кабината на пилотите станаа прилично популарни. Сè поголем број на пилоти започнаа да прават аматерски фотографии за време на летот, а нивната популарност доведе до феноменот познат како „
Pilots of Instagram“.
Фото: Santiago Borja Lopez/Instagram
Токму пилотите се оние кои ја имаат честа да видат некои од најубавите пејзажи на Земјата. Повеќето фотографии се направени за време на долгите летови, во време кога не мораат активно да управуваат со авионот, кога копилотот ја презема работата. Ова се најдобрите фотографии, а доколку сакате да погледнете повеќе, посетете ги на „Instagram“.
Сантијаго Борја, Еквадор
Пилотот Сантијаго Борја управува со комерцијалниот „Боинг 767“ и редовно ја лета рутата кон Њујорк или Карибите, која трае 12 часа. За време на летот шест часа има одмор, а тогаш настануваат повеќето негови фотографии. Обожава да фотографира бури, особено кога се создаваат, на оддалеченост од отприлика 130 километри. Фотографиите ги објавува на неговата страница и на неговиот „Instagram“ профил.
Кристијан Ван Хеист, Холандија
Холандскиот пилот Кристијан се занимава со небесни фотографии во изминативе 13 години. Последните 6 години управува со авионот „Боинг 767“. Бидејќи вози товар, а не патници, лета на рути кои се различни од комерцијалните летови, поради што од време навреме создава нереални пејзажи.
Саки Навид, Обединети Арапски Емирати
Навид не е пилот, тој е стујард за „Air Arabia“, а себеси се опишува како самоук фотограф и патник. „Како стујард, имам малку време за одмор додека работа, но обожавам да фотографирам“, пишува Саки на неговиот профил на „Facebook“.
Џорди Мартин Гарсија, Шпанија
Шпанецот Џорди Мартин Гарсија е пилот кој се занимава со аматерско фотографирање скоро 15 години. Лета на комерцијални летови и неговите најчести рути се преку Европа. Заедно со метеорологот Франческо Маури ја имаат објавено книгата „El tiempo visto desde el cielo“.