X
 05.01.2021 Живот

Оваа еколошка мала куќа се монтира за 5 дена

„Прото-Хабитат“ е одржлив и иновативен мал прототип на куќа дизајниран да биде модуларен, еколошки и достапен.

Најдобриот дел е тоа што куќата може да се состави и демонтира за 5 дена. Малата монтажна куќа е целосно пренослива и е уште еден чекор напред во одржлив начин на живот.

Целта беше да се создаде флексибилен простор за живеење и работа и „Прото-Хабитат“ го постигна тоа со површина од 30 m² што може да се прошири до 90 m² доколку е потребно. Куќарката е конструирана од локално дрво.

1

„Валд.сити“ е француско студио за дизајн што го изградило прототипот на проектот како дел од едногодишната програма за истражување на Француската академија во Рим за нови форми на домување. „Прото-Хабитат“ е уникатна куќарка бидејќи е приспособлива - може да се користи за сè: од индивидуално домување до колективни згради. Бидејќи одржливоста е клучна, таа беше направена со употреба на 100 отсто материјали од дрво. Сите други производи и елементи во куќата исто така беа внимателно избрани од локалните индустрии што следат одговорно управување со отпад и одржливи практики на шумарство. Дрвото е примарен материјал и носи пријатна, минималистичка естетика во современиот ентериер.

2

3

Освен одржливоста и приспособливоста, следниот важен елемент за „Прото-Хабитат“ е подвижноста.

Основната единица на модуларната куќа може да се состави за пет дена од три лица и дигалка од камион - не е потребна основа. Основниот модул располага со приземје со отворен план и подигната сончева просторија што има закривен покрив.

4

5

„Прото-Хабитат“ се обидува да развие решение за растечките потреби на флексибилен начин на живот. Тоа овозможува да го усогласите вашиот простор со животното темпо, вашата работа и вашиот паричник.

Извор: Yankodesign.com
Фото: Wald.City
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот