Една јапонска компанија смета дека сите треба да започнеме да живееме во одржливиот „Ocean Spiral“ град.
Со оглед на тоа што крајбрежните градови се соочуваат со закани од зголеменото ниво на морињата, урбанистичките планери дебатираат каде и што да изградат, една јапонска компанија има сосема неконвенционален предолг: градовите на иднината треба да се изградат под вода.
Таканаречениот „Ocean Spiral“ претставува футуристички концепт на град кој е дизајниран да лебди во средината на океанот, и го користи морето како инфраструктура која би можела да издржи 5.000 луѓе.
Гигантската сфера, со 500 метри дијаметар, ќе одржи кула со стотици станови и големи домови, продавници, канцеларии, хотели и истражувачки капацитети, сите околу 75 спратови во водата. Морски ѕид ќе ја затвори сферата, држејќи ги големите бранови понастрана.
„Длабокото море содржи голем број можности кои можат да помогнат со тековните проблеми на животната средина во целиот свет“, вели Хидео Имамура, портпарол на компанијата „Shimizu Corporation“ којашто работи на дизајнот на градот. Во теорија, подводните градови можат да помогнат во олеснувањето на притисокот за поголема моќ, храна и вода на копното, додека обезбедуваат и ново место за складирање на јаглерод диоксд.
Градот би можел автоматски да генерира секаков вид на енергија, користејќи ја температурната разлика меѓу површината на водата и длабочината на морето, со цел да направи топлинска енергија. Долгата спирална цевка би патувала 9 милји надолу, влечејќи ладна вода за електраната на градот.
Преку користење на истата енергија, градот би имал и систем за бигор со цел да обезбеди неограничена питка вода за луѓето коишто ќе живеат таму. Со оглед на тоа што земјоделството во светот се бори за да го нахрани населението кое постојано расте, градот ќе има сопствени фарми за вода - делумно затворен аквариум со риби.
За да помогне во решавањето на климатските промени, градот би испраќал јаглероден диоксид до енергетските центри и другите земните извори на дното на морето, кадешто микроорганизмите ќе се претворат во метан гас.
Колку и фантастично ова да звучи, компанијата верува дека е изводливо, и работи на деталите со експерти од јапонските универзитети и национални агенции. Еден од најголемите предизвици, вели компанијата, ќе биде начинот како да се изгради градот - изградбата на бетонска сфера ќе се случува во вода, преку користење на огромен 3D принтер. Доколку се изгради, проектот би чинел околу 26 милијарди долари.