X
 05.04.2023 Живот

Граѓаните да не отвораат СМС-пораки кои повикуваат на задолжителна пријава, апелира УЈП

Управата за јавни приходи информира дека кон граѓаните се испраќаат СМС-пораки со кои се бара да извршат задолжителна пријава на лажна веб-страница https: ujp-gov.mk/potvrda.


-Граѓани, никако не отворајте ја оваа лажна веб-страница бидејќи од вас бара да пополните полиња со вашите лични податоци, податоци од платежна картичка и да прикачите фотографија од вашата лична карта. Споделувањето на вашите лични податоци преку оваа лажна веб-страница може да предизвика нивна злоупотреба - предупредуваат од УЈП.



Оттаму потенцираат дека веб-страницата е лажна и не e во сопственост на Управата за јавни приходи.

-Испраќачот на пораките се обидува да ги злоупотреби името и логото на УЈП и да ги доведе во заблуда граѓаните, да споделуваат лични податоци и на тој начин да се изложат на ризик и можна злоупотреба. Управата за јавни приходи ги презема сите неопходни активности за справување со оваа состојба, соопштуваат од УЈП.



Линк до лажната веб-страницата која не треба да се отвора. http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/963

Извор: МИА

Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот