X
 05.07.2023 Економија

Недвижностите во Македонија поскапи за 12,9 отсто во вториот квартал

Цените на недвижностите во Македонија пораснале за 12,9 отсто во последниот квартал, во споредба со истиот период минатата година, покажуваат најновите податоци од Народна банка на Република Северна Македонија (НБРСМ).

Во споредба со претходниот квартал, цените на недвижностите во периодот од април до јуни се зголемиле за 1,6 отсто.

Сепак, податоците покажуваат дека годишниот раст на цените на недвижностите забавил во последниот квартал, со оглед на тоа што изнесувал 18,8 отсто во првите три месеци од 2023.


Фото: Годишна стапка на промена во цените на недвижности/НБРСМ

Извор: НБРСМ
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија