X
 13.02.2015 Култура

Њујорк Тајмс објави текст за најпознатиот македонски дизајнер

Докажаниот моден дизајнер Марјан Пејоски под брендот KTZ со седиште во Лондон, го најави своето премиерно претставување на Модната недела во Њујорк. Ова беше одличен повод за познатиот магизин Њујорк Тајмс да одвои простор за нашиот познат дизајнер.

 

1


„Воопшто не размислував да го направам овој чекор“, вели Марјан Пејоски, креативниот директор на KTZ. „Меѓутоа некогаш потребен е предизвик кој ќе донесе енергија и адреналин“, вели тој. „Во моментот, има многу енергија во моето тело“.

Пејоски кој го води KTZ со неговиот партнер Сашко Бежовски е најпознатиот Македонец и култен дизајнер. Тој создава навистина неверојатни парчиња кои се впечатливи и украсени со необјасниви пораки. Како што вели тој, инспирација црпи од минатото и сегашноста.



Сигурно се сеќавате на фустанот лебед кој го носеше Бјорк на Оскарите во 2001 година. Пејоски вели дека овој фустан наскоро ќе биде дел од ретроспективната изложба за исландската пејачка во Музејот на модерна уметност во март.

„Ќе биде видливо поставен“ вели Клаус Бизенбак, главниот куратор и директорот на MoMa, кој е куратор на изложбата со Бјорк. „Фустанот изразува одреден независен дух, панк дух, неочекуван изненадувачки дух од кој таа може да биде дел и ќе ги изненади и предизвика сите“, додава тој.

Фустанот направен од Пејоски предизвика голем број пофалби и позитивни критики. Кери Донован, поранешниот уредник на категоријата стил на “The New York Times“, се слушнала со Пејоски велејќи му: „Кога Бјорк се појави на Оскарите, носејќи го вашиот фустан, повеќето луѓе мислеа дека фустанот е ужасен. Да ви биде јасно, јас не сум дел од нив“.

Во 2003 година, Пејоски го основа KTZ. „KTZ беше нешто што сакавме да го развиеме како нешто помалку проблематично“. Од тогаш, неговите модели и дизајни ги носат познати поп ѕвезди и музичари вклучувајќи ги Ријана, Кејти Пери, Канје Вест, Мајли Сајрус итн.  
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура