X
 05.08.2020 Култура

Почина Исидора Бјелица

Познатата српска писателка Исидора Бјелица почина денеска на 52-годишна возраст.

Исидора е родена во 1967 година во Сараево. Таа е автор на повеќе од 40 книги наменети за различни генерации.

Бјелица со години се бореше со ракот, за што и пишуваше во нејзините книги и често говореше во јавност.

-Не сакав да ве заморувам, мислев дека можам сама. Меѓутоа, ова се толку страшни физички и психички маки, што ќе ве замолам да го молите драгиот Христос да прости и веќе да заврши оваа агонија - напиша Исидора неодамна на својот профил на „Фејсбук“.

Извор: Blic
Насловна фотографија: Wikipedia

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура